Во Индија загинаа 120 луѓе, како последица на поплавите

Од поплавите уништени се илјадници куќи, а спасувачките екипи се обидуваат со хеликоптери да го евакуираат населението и да го снабдат со храна.
Индискиот министер за вонредни ситуации Џаспал Арја изјави дека војската се обидува да спаси и илјадници туристи кои останале заробени во долините и по храмовите.
Според него, еден храм е целосно уништен и околу 10.000 туристи се отсечени од светот.
Властите ги откажаа планираните посети на верниците, стравувајќи од нови врнежи и лизгања на земјиштето.

Leave a Reply

Your email address will not be published.