Во Горна Матка откриени 71 стебло марихуана

По претходно добиени оперативни сознанија дека во атарот на село Горна Матка има насад со марихуана, превземени се соодветни мерки и активности за откривање на точната локација на насадот, како и откривање на лицата кои го одгледуваат.

Откако на 16.07.2013 година е утврдено дека насадот се наоѓа на напуштено државно земјиште и дека нема услови за понатамошно набљудување со цел фаќање на сторителите, на 17.07.2012 година по претходна консултација со ОЈО излезено е на лице место и искорнати се 71 стебло од растението „cannabis sativa” од кои 12 се подигнати за вештачење. Во близина на насадот се пронајдени и подигнати 7 празни саксии кои исто така ќе бидат предадени за крим техничка обработка.

По изготвувањето на вештачењето до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава против непознат сторител за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по чл.215 од КЗ на РМ, МВР продолжува со превземање мерки и активности за пронаоѓање на сторителите.

Извор Канал5

Leave a Reply

Your email address will not be published.