Бидете претпазливи, во етер фалсификувани банкноти од 500 евра

Според СВР Тетово, во домот на В.А (78) вчера околу 11 часот во дошло непознато лице и побарало да купи пет литри домашна ракија. Притоа извадило банкнота од 500 евра за да плати. Домаќинот му вратил 300 евра и бидејќи немал уште пари да му врати се договориле тој да намине подоцна. Како гаранција, непознатиот купувач ја оставил ракијата. По некое време на В.А му станало сомнително и ја проверил банкнотата, по што било утврдено дека е фалсификувана, по што случајот го пријавил во Полициската станица Гостивар.

Фалсификуваната банкнота со потврда е одземена и се расчистува случајот, информираат од СВР Тетово.

Извор dnevnik.com.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.