Внимавајте на вируси кои се пренесуваат преку бакнеж

Според најновите истражувања, студентите се најчесто изложени на Epstein – Barrov – иот вирус, кој ја предизвикува болеста позната како мононуклеоза. Ако сте биле изложени на овој вирус како дете, нема да се разболите. Но ако не сте биле, научете како да ги препознаете симптомите.

Се пренесува со бакнеж. Epstein – Barrov – иот вирус, кој во 90% од случаите ја предизвикува мононуклеозата, се пренесува преку плунка од заразена личност, и тоа најчесто, како што велат лекарите, бакнување со јазик.

Кој би можел да ви го пренесе овој вирус? Од заразата до појавата на првите симптоми може да поминат од 4 до 6 недели и сигурно не можете да претпоставите во тој период од чија чаша сте пиеле или со кого сте се банкнувале, посебно ако сте млада активна личност.

Кога би требало да посетите лекар? Ако подолго од една недела имате било кој од овие симптоми (зголемена температура, воспалено грло, физички сте исцрпени или имате потечени лимфни жлезди), задолжително направете крвна анализа.

Како се лечи? Не постои волшебна таблета за лечење, но можете да му помогнете на вашето тело да се бори против инфекцијата: наспијте се, пијте вода и течности, јадете овошје, зеленчук и конзумирајте храна богата со протеини.

Како да знаете дека сте излечени? Би можеле неколку недели, па и месеци да се чувствувате лошо и исцрпено и секако треба да избегнувате алкохол и физичка активност. А кога ќе оздравите, причекајте да поминат барем четири недели пред да бакнете некој.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.