ВМРО ДПМНЕ врши притисок врз вработени во одбрана – по 3 сигурни гласа за останување на работа?!

Вработени во министерството за одбрана деновиве имале, според нивни тврдења, непријатни посети од активисти на владеачката ВМРО ДПМНЕ. Тие за Либертас велат дека деновиве биле посетени од вмровци и дека истите ги опоменале дека требе да кажат 3 лица кои ке гласаат на престојните избори за партијата, ако сакаат да го зачуваат работното место.Лицата кои го тврдат ова за Либертас се повеке години вработени во министерството за одбрана и изразуваат чудење од дрскоста како што велат на активистите кои така јавно им бараат да кажат имиња на 3 лица за да останеле на работните места по изборите. Овие посети биле во една скопска населба, а лицата инсистираа на анонимност.

Тврдат дека министерот Талат Џафери нема врска со ваквите уцени и дека најверојатно не знае туку дека се тоа инструкции од владеачката ВМРО ДПМНЕ.

Leave a Reply

Your email address will not be published.