Влијанието на добрите дела врз телото

Човековата природа е тема на филозофски расправи веќе илјадници години, а со помош на модерните технологии и науката, конечно почнавме да ги откриваме мистериите. Во раните фази на истражувањата, научниците успеале да заклучат еден факт: нашиот мозок е физички склопен да им помага на другите.
Со скенирање на мозокот може лесно да се забележи дека размислувањето за туѓи проблеми ги активира истите делови на мозокот кои се активираат кога размислуваме и за своите, додека сочувството ги активира деловите од мозокот одговорни за чувството на задоволство.
Науката сугерира дека старата изрека “Подобро е да давате отколку да примате”, буквални е вистинита, тврди Jeffrey Schloss, еволуциски биолог на Вестмоунт колеџот од Калифорнија.
Во секојдневниот живот, безброј луѓе избираат да се откажат од своето слободно време за да им помогнат на другите – било да станува збор за помагање на старите, спасување на напуштени животни, човекови животи или помагање некому да реши одреден проблем – сведоци сме на добри дела секој ден.
Но што е тоа во нив што ги тера несебично да помагаат на другите, да прават херојски дела за да би спасиле нечиј живот, не размислувајќи за својот?
Истражувањата покажуваат дека работењето во име на другите луѓе ни помага и самите да се чувствуваме попријатно. Но тука приказната не завршува. Ваквото однесување влијае врз нас и физички – а се поголем број научници веруваат дека правењето добри дела позитивно влијае и на нашето здравје, а некои истражувања дури заклчучиле и дека алтруизмот ни помага да живееме подолго.
Поврзаноста на алтрузимот со стресот е откриена сосема случајно во 1956 година, кога тим истражувачи од универзитетот Корнел спровел истражување со 427 мажени жени со деца. Тие очекувале дека жените со повеќе деца ќе бидат под поголем стрес, па поради тоа ќе имаат и пократок живот. Изненадувачки, истражувачите откриле дека бројот на децата, образованието, класата, и работниот статус не влијаеле врз долговечноста. Во истото истражување, кое траело 30 години, сосема случајно е откриено дека 52% од жените кои никогаш не волонтирале на крај заболиле од некоја потешка болест, за разлика од 32% жени кои редовно волонтирале.
Ова откритие ги заинтересирало научниците, па после тоа спровеле уште неколку истражувања. Едно од нив заклучило дека редовнот правење добри дела го намалува ризикот од прерана смрт за 44% – што има подобар ефект од редовното вежбање. Друго истражување, спроведено 1990-тите, ги истражувало личните дневници на чесните сестри од 30-тите години од минатиот век. Истражувачите откриле дека оние кои покажувале најмногу позитивни емоции живееле околу 10 години подолго од оние кои искажувале помалку такви емоции.
Многу истражувања покажале дека алтруизмот значајно го намалува нивото на стрес, главниот причинител на голем дел од болестите – а со самото тоа, значајно ја менува и нашата физиологија. Кај субјектите кои биле тестирани кои само гледале видео на кое се прикажувало правење на добро дело забележани се привремени скокови на нивото на хемикалии кои го зајакнуваат имунитетот. Кај жените кои соседите ги сметале за добри луѓе бидејќи сакаат да помагаат на другите забележано е зголемено ниво на окситоцин – хормон за “поврзување” кој ни помага да се чувствуваме подобро.
Врската на окситцинот и добрите дела ја потврдила уште едно ново истражување. “Окситоцинот е одговор на стресот. Кога личноста е алтруситична и кога ги допира луѓето во позитивна смисла, помагајќи им во тешки ситуации, нивото на окситоцин се движи нагоре – што нзачи дека стресот оди во надолна линија” заклучил Gregory Fricchione професор по психијатрија на Хардвард.
Бројни истражувања се спроведени во различни временски периоди и во различни држави и сите заклучиле една заедничка работа: Алтруистичните емоции создаваат физиолошки реакции во телото така што го зголемуваат нивото на хормонот окситоцин – поради кој се чувствуваме подобро, го смалуваат нивото на стрес и го подобруваат имунитетот. Алтрузимот во нас предизвикува хемиска реакција слична на онаа која ја предизвикува вистинската љубов.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.