Влажните соништа на владиниот касап на човечки души, Миленко Н.

Водителот Миленко Н. навечер води Орал Шоу, а наутро, во своите влажни соништа, мечтае како е да се биде педер

 

Koјa е теоријата за педерите на денешните демохристијани и денешните патриоти? Во овој прашалник, лежи, имено, општоприфатената патриотска дефиниција која гласи дека педер не се раѓа, педер се станува. Едно утро, човек се буди, си прави утринско кафе и отвара Фејсбук, а тамо, познатиот водител Миленко Н., нападно и дрско, типично за владин месар, касап на човечки души, ми порачува, или констатира, обраќајќи ми се со следниве зборови: педерче си е педерче. Прво, ако ова е закана, си помислив, за човек кој отворено е хомофоб, и човек кој отворено мрази педери, зошто Миленко Н. не си ја избричи косата и брадата, и не се приклучи на некоја скин-хедс група која ќе претепува педери и слични луѓе од ЛГБТ заедницата во Македонија? Ама, итар е мајчиниот, касапењето го прави отворено, јавно, директно преку телевизорот, што не значи дека истото не би го правел и’ во живо, само кога би му се укажала прилика: најпрво би тепал луѓе, следствено на тоа и педери?

 

Ако Миленко Н. сака да биде педер – отворено, јавно, „на изволте“ – зошто неговата емисија не се преименува во Орал Шоу, или пак, можеби во – Анал Шоу, тоа би било сосема фер од негова страна, за човек кој толку отворено си го дал сопствениот задник под владина кирија? Тогаш во real time ќе може отворено и без предрасуди, пред очите на нацијата, да ја опслужува целата влада, како и оние локални идиоти кои не знаат каде е Франкфурт на Мајна и кои цело време примаат директиви од врхушката? Дури би можел и демократски, инклузивно, двајца-по-двајца; четворица-по-четворица; во првата група би биле сите локални функционери, најутепаните, четворица-по-четворица; во втората група би биле министрите на владата, оние со „шверцани“ дипломи од разни бугарии – двајца-по-двајца; во третата група би биле премиерот и претседателот на Репуликава. Поединечно, еден-по-еден.

Пред да почнат да се гостат, да се „опослужуваат”, Миленко како добар домаќин ќе им постави неколку прашања.

 

Дебата на „највисоко ниво” за хомофобијата и други работи


-Претседателе, зарем не мислите дека педери настануваат на тој начин што нашата младина гледа геј-парада, а веќе другиот ден, рано наутро, сексуално ќе го вознемирува сопствениот пол?
-Да ти кажам, ми има логика твоево прашање, самоуверено одговора претседателот.
-Која е логиката, претседателе?, конфузно прашува Миленко Н.
-Да земеме типичен македонски пубертетски лигуш, вели претседателот, некој кој од најрана младост дрка на некоја цицлеста комшивка, а веќе следното утро, индоктриниран од вечерната геј-парада која ја гледал на телевизорот, почнува да дрка на хаусмајсторот, оној стамен комшија од спротива со испакнат „љубовен килим“ на градите, облечен во притегнат работнички комбинизон.
-Оставете го Јовановиќ на мира, крикна рафално премиерот, момчето ги брани правата на хомосексуалците.
-Ќе му помине и’ тоа, исто како што му помина и’ љубовта кон кошарката, врати претседателот.
Aма чекајте, се возбуди Миленко Н., вие како двајца први луѓе во државата, нели слушате што народот вели?

 

Mиленко и неговите несигурни идентитети


Стравот на Миленко Н. лежи во стравот на родителот кој стрепи за своето дете на ист начин како што стрепи државата за државното/народното дете кое го демнат орди од мажи во тигрести гаќички и лезбејки со излигавени јазици. Затоа и „најлибералниот“ претседател и „најлибералниот“ премиер, ослободени од секоја хомофобија, со сомнеж ќе кажат дека имаат проблем со концептот геј-прајд и геј-популација како и со „претераното експонирање” во јавноста. Тука се изнедрува и онаа типична хомофобична реченица: „Гледајте, јас немам проблем со хомосексуалците, ама пријателе, нека си останат дома во своите четири sида.“ Зошто вакви предрасуди, зошто вакви метании? Најчесто, станува збор за страв од реалноста, а дете како дете, подложно на секакви влијанија, ќе го види педерот на улица, или во некоја наивна хумористична серија, па несигурен во својот сексуален или во секој друг идентитет – онака како што немаат појма што утре ќе студираат, ниту што утре ќе ебат – лесно потпаѓаат во амбисот на блудот со припадниците од ист пол.

 

Како настанале и од каде доѓаат педерите


Бихејвиоризмот дава некои одговори, но сепак, посреде, стои потпрашањето, добро има педери, но како настанале тие? Како настанале овие педери што ги мамат нашите државни деца? Ако, и тие, подпаднале на влијанија на сексуалните слободи во шеесетите и првите геј-паради во Америка, како тогаш настанале тие архипедери што ги организирале тие паради? Каде тие го виделе тоа, во време кога не постоел Џорџ Мајкл, Вил и Грејс, Елтон Џон, Евровизија…?

Педерите не смеејќи јавно да се покажуваат живееле зад кулисите на среќниот брак, со три деца. Па децата љубопитни, како што самиот Бог ги дал, го виделе тоа од татко си. Затоа и денешните патриоти, рудементирани демохристијани, немаат никаков проблем со педерите, се’ додека тие не останат дома, во своите четири sида. Дури – боже чувај не’, пу-пу, кога тие јавно би се венчале, или пак, пу-пу, скраја да е, јавно би посвојувале деца.

Добро, не се дава така лесно правиот македонски патриот, Миленко Н., што е повеќе од јасно дека сега и’ тој е педер – но како настанале тие протопедери, тие што ги одгледале архипедерите кои подоцна ќе ги бараат своите права и ќе ги регрутираат педерите што ќе ги организираат првите протести и паради, и така целиот свет ќе се претвори во истополова заедница? Ако не се отсекогаш тука, тогаш излегува дека се појавиле во времето кога немало интернет и телевизија. Што значи дека тогаш немало ЛГБТ права, што значи дека тогашните семејства биле уредни и „чисти“ хетеросексуални семејства, во уредни и „чисти“ заедници. Кога било тоа, пред сто, пред илјада, пред милион години, е тоа е веќе голема тајна на католичката Црва, како и голема теолошка тајна, позади кој можеби се крие фамозната вистина која вели дека можеби првите двајца педери ги создал драгиот Бог.

Се претпоставува дека шестиот ден Бог го успал Адам, му го извадил реброто и му направил другарка. Не насетувајќи ништо, поспан од анестезијата, Адам се буди утрото и до себе гледа влажен маж. Здраво – јас сум Миленко.

На теоријата дека Бог на Ева и го всадил реброто на погрешно место, покажува дека Ева ја правел според својот лик – што влегуваме во нова теолошка заврзлама: ако Бог и ставил ребро на погрешно место на Ева, како е возможно да се направи човечкиот род? Исто како и’ по Каин и Авел, ќе каже злобникот, но теологијата повторно од машината го извлекува Бог: драгиот Deus Ex Machina децата на Адам ги размножувал со Светиот дух, на земјата илјадници години немало секс, се’ додека чукунчукунчукунчукунвнук на Адам не ја видел малана од друго село, некоја далечна роднина, и одеднаш почувствувал задоволство во гаќите. А кога се случило тоа, Црквата имала повторно одговор: хомосексуалецот е дело на Сатаната. Најголемиот теолошки џокер за шиканирање – за се’ е виновен Сатаната. Секогаш кога Црквата не може да реши некој теолошки проблем, веднаш го вади својот „теолошки“ џокер: Satana Ex Machina.

Марк Твен, мојот најомилен писател, беше најголемиот филозоф, отколку што сета западнохристијанска цивилизација сакаше да признае, кога се прашуваше како тоа ниеден од тие светци, папи и бискупи, кои две илјади години се молеа за најголемите грешници, убијци и диктатори, како и за оние малите – никогаш не се помолил само и единствено за тој паднат грешник, Таткото на сите гревови.

Теоријата за универзалната вина на Ѓаволот ги затвара сите непријатни прашања, но отвара пукнатина тамо каде што теологијата најмалку очекува: тезата дека хомосексуалноста е работа на Ѓаволот, сугерира, имено, дека Сатаната може да создаде – љубов.

 

Низ Миленко говори Црквата


Ако Цркавата е во право, имено, ако Ѓаволот навистина ја создал хомосексуалноста, тогаш тој се надминал себеси: ја смислил Љубовта, онаа божјата, така што христијанската љубов ја претворил во – омраза. Затоа божјите деца, како и државните, оние кои се претежно уштекани на Владината цицка, имаат пораки на омраза, дури спремни се и’ да убијат нешто така настрано и лудо.

P.S. Како што гледаш, Миленко, сердаре, и’ од еднаш се станува владин педер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.