Влатко Илиевски: Србија најопасен ривал на нашиот национален тим

Во интервју за српските медиуми тој изјави дека групата во која се наоѓа Македонија е најтешка на шампионатот, а нас не треба да не залажува тоа што Србија играше лошо во квалификациите.
“Ова, дефинитивно, е најтешка група. Особено се плашам од Србија без оглед што лошо играа во квалификациите. Сите знаеме што значи Србија во европската и светска кошарка и сигурно не очекува тежок дуел”, рече Илиевски.
Можно е нашиот северен сосед на Евробаскетот да отпатува без еден од своите најдобри кошаркари Милош Теодосиќ, но и без него Душан Ивковиќ има мошне силна селекција. Освен Македонија и Србија, во групата се наоѓаат Црна Гора, Босна и Херцеговина, Летонија и Литванија.
Илиевски е херој на македонската нација од Европското првенство во Литванија пред две години кога ја постигна победничката тројка во четвртфиналето против домаќинот Литванија. Тој уште еднаш потврди дека претстојниот Евробаскет, за него на домашен терен бидејќи има словенечки пасош, ќе биде последна репрезентативна акција во кариерата.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.