Власта сака само да ја фалат, на критиките жестоко реагира

„Агенцијата се меша во внатрешни работи“, се налути Владата.

„Агенцијата со својот извештај си дозволува и да се меша во внатрешната политика на земјата зборувајќи за случувањата во Собранието околу носењето на Буџетот за 2013 година и сосема несоодветно зазема страна споменувајќи дека „членови на опозицијата биле отстранети од Собранието за да се избегне дискусија за зголемените расходи на владата“. На тој начин се прејудицираат случувањата од 24 декември кои се предмет на испитување на Анкетната комисија, а агенцијата грубо се меша во внатрешната политика на земјата, стои во соопштението на Министерството за финансии.

Министерството за финансии забележува на квалитетот на анализата, точноста на податоците и наведените причини за намалување на кредитниот рејтинг на извештајот за рејтинг на кредитната агенција Standard&Poor’s.

Очигледна е, велат, неконзистеноста на рејтинг агенцијата.

Владата редовно реагира кога земјата добива критики, забелешки или негативни оценки, и обвинува за неконзистентност на посочената институција и дека се меша во внатрешни работи, но кога ќе не пофалат, тогаш на прес-конференции власта се фали со големите успеси кои еве и меѓународниот фактор ги нотира.

Дел од медиумите, блиски до власта, не ја објавија веста за намалувањето на кредитниот рејтинг, но ударно ги ставија критиките на Министерството за финансии за Кредитната агенција Standard & Poor’s.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.