Власта преку Шиповиќ прави притисок кон Жерновски

 Сега власта тргна во „напад“ на претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, сакајќи со тоа да ја обезглави работата на општината. А, зад сето тоа се крие непрежалениот пораз кој го доживеа на последните локални избори, велат од општина Центар, од каде нагласуваат дека атакот кон Шиповиќ е индиректен притисок и кон Жерновски.

– Стопирањето на мегаломанскиот проект „Скопје 2014“ и ревизијата на сите проекти кои се одвивале преку општина Центар, но и низата други неправилности кои се направени од минатото раководство е само доволен индикатор да направат сè за да се смени власта во централната скопска локална самоуправа. Тоа нема да им успее. Ние сме избрани од народот и ќе работиме за негово добро. Можeтe да ги уапсите и другите наши советници, и така ќе бидете на добар пат да имате мнозинство во Советот на општина Центар и да ја фалсификувате волјата на граѓаните – вели за Плусинфо, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Целиот текст може да го прочитате овде.

Leave a Reply

Your email address will not be published.