Власт во примитивно општество: говорот како обврска
Човекот од власта – принц, деспот, заповедник – не е само оној кој зборува, туку и единствениот извор на легитимнен говор. Еден секако осиромашен, но ефикасен говор, е форма во која се изразува – заповед – како одговор прифаќа само послушност. Сами по себе статички екстремни, говорот и власта го должат своето постоење еден на друг, исполнувајќи се еден со друг со содржина. Иако се чини дека нивното надополнување е исконско и дека ја надминува историјата, тоа е сепак дел од неа: во бурните историски превирања, кога силите кои се заканувале целосно да ги раздвојат и уништат биле поразени, говорот и власта можат да се набљудуваат во моментот на своето сретнување. Да се освои власта значи да се освои правото на говор.
Секако, сите овие забелешки се однесуваат пред се и во најголема мера на општества засновани на поделба на надреден/господар, господар/роб, лидер/граѓанин, итн. Главниот знак на таа поделба е цврстиот, несфатлив и можеби неповратен факт за власта одвоена од општеството како целина, со оглед дека со неа располагаат само неколкумина. Власта одвоена од општеството, од сега се спроведува над општеството и ако е потребно против него. Во таа смисла, вниманието до сега било свртено на цела низа општества со држава, од најстарите деспотства и современите тоталитарни држави, до модерните демократии, чиј државен апарат, со целиот негов либерализам, ништо помалку не инсистира на контрола од далеку на општеството по пат на право на легитимно насилство.
Власта и говорот, говорот и власта, рака под рака: навикнавме во тоа да гледаме ништо сосема природно. Сепак, фактите кои ги собрала етнологијата не можат да се игнирираат: светот на примитивни општества, општества без држава – ни нуди, чудно, докази за истиот сојуз на говорот и власта кој постои и во општествата со држава. Со племто владее поглавар, а неговото владеење се протега и над јазикот на племето. Во примитивните американски племиња, поглаварот – човек од власта – во исто време држи монопол и над правото на говор.
Прашањето кое се поставува кај дивјаците не е “кој е твој поглавар?”, туку, “кој е муѓу вас оној кој зборува?”. Господарот на зборовите е оној кој во многу групи се нарекува поглавар.
Па така изгледа дека власта и говорот не можат да се набљудуваат одвоено, со оглед дека нивната јасна метафоричка врска е воочлива како кај примитивните држави, така и кај оние со држава. Но, би било погрешно кога на ова место би се откажале од понатамошно истражување. Истиот радикален прекин кој ги дели општествата на оние со држава и оние без држава, влијае и на врската меѓу власта о говорот во тие општества. Како таа врска функционира во општествата без држава? Примерот со индијанските племиња во тој поглед е повеќе од доволен.
Врската меѓу власта и говорот во исто време е и сосема привидна и многу длабока. Ако во општествата со држава говорот е право на Власта, во општествата без држава тоа е нејзина обврска. Или, поинаку кажано, индијанските општества не го признаваат правото на говор на поглаварот затоа што е поглавар: тие очекуваат човекот на кој му е судено да биде поглавар да го докаже своето владеење со зборови. Племето бара да го слушне. Поглаварот кој не му се обраќа на племето не е веќе поглавар.
За да нема забуни, овде не мислам на склоноста, драга на многу дивјаци, према реториката и убавот, возвишено изразување. Овде не станува збор за естетика, туку за политика. Цела политичка филозофија на примитивното општество може да се согледа преку обврската на поглаварот да биде Говорник. Тоа е точката во која Власта го шири својот простор, но на неочекуван начин. Баш природата на тоа тој добро извежбан говор, кој племето така скрупулозно очекува да го слушне, укажува на вистинското место кое власта го завзема внатре во примитивното општество.
Што зборува поглаварот? Како воопшто изгледа тој говор? Пред се, тоа е ритуален чин. Целосно без исклучок, лидерот се обраќа на групата во текот на денот, наутро и пред спиење. Протегнувајќи се во својата лежалка или седејќи покрај огнот, поглаварот почнува гласно да го изговара очекуваниот говор. При тоа, тој навистина мора да биде гласен, ако сака некој да го слушне; бидејќи додека тој зборува, луѓето не се собираат околу него, жагорот не престанува, сите продолжуваат да си ја бркаат својата работа, како ништо да не се случува. Поглаварот не зборува за некој да го слушне. Парадокс: никој не обрнува внимание на поглаварот додека зборува. Или, поточно, сите се прават како да не приметуваат. Ако поглаварот, по правило, мора да ја превземе улогата на Говорник, луѓето на кои им се обраќа се должни да се прават како да не го слушаат.
Од една страна, тие со тоа не губат многу. Зошто? Затоа што поглаварот, колку и да е опширен, буквално не кажува ништо. Неговиот говор се состои од многу пати повторени пофалби на сметка на традиционалниот начин на живот: “Нашите предци добро живееле следејќи ги древните обичаи. Затоа да го следиме нивниот пример, ако сакаме да живееме во мир и слога.” И тоа е буквално се. Затоа не треба да не чуди што поради тоа никој не се возбудува.
Што означува самиот чин на говор во овој слуачј? Зошто поглаварот мора да зборува, ако не кажува ништо? Чие барање задоволува овој празен говор кој доаѓа од привидното седиште на власта?
Говорот на поглаварот е празен баш затоа што тоа не е говор на Власта. Во општествата без држава поглаварот не е носител на власта. Од тоа следи дека неговиот збор никогаш не може да стане говор на Власта, авторитетот. А наредбата? Баш тоа е она што поглаварот никогаш не би можел да го изговори; тоа е содржината која не дозволува да се исполни неговиот говор. Поглаварот кој би пробал такво нешто би се соочил со тотална непослушност, а веројатно наскоро би бил разрешен од својата должност. Поглаварот кој е доволно луд, не толку да ја злоупотреби власта, која и онака ја нема, туку воопшто да помисли да стекне било каква власт, веднаш ќе биде напуштен. Примитивното општество одбива секаков облик на сепаративна власт, бидејќи тоа, а не поглаварот, е единствениот носител на власта.
Примитивното општество добро знае дека насилството е суштина на секоја власт. Цврсто држејќи се до тој став, тоа постојано ја раздвојува власта од било која институција на власта, наредбата од поглаварот. Баш говорот овозможува да се повлече јасна линија која ја нагласува оваа раздвоеност. Дозволувајќи му на поглаварот да се движи само во областа на говорот – а тоа значи: во област која е тоатална спротивност од насилството – племето постигнува сите работи да останат на свое место: Власта останува исклучиво во сопственост на општествените битија; никаков поинаков распоред на силите не смее да го поремети таквиот општествен поредок. Обврската на поглаварот е да зборува, редовно да го испорачува тој сегогап ист празен говор кој му го должи на племето, и кој претставува негов неотплатлив долг, и тоа е оној механизам кој спречува човекот на Говорот да стане човек на Власта.
Извор: akuzativ.com
Превод: Попова