Владата потрошила 1.600.000 евра за реклами во последните четири месеци

Од април до денеска генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија подготвил неколку медиумски кампањи. Владата потрошила високи 1.600.000 евра за реклами во последните четири месеци.

Овие пари се повеќе од доволно да се рестартира запуштениот простор во градскиот парк во Кавадарци каде беше поранешната дискотека “Лалуна”, да се реконстрира спомен костурницата во градскиот парк во Кавадарци, да се доизгради кејот на реката “Луда Мара” од Кавадарци до селото Ваташа, асфалтирање на сите улици во општина Кавадарци како и регулирање на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Наместо да се реализираат овие и слични вакви проекти од општо јавно добро, актуелната власт се одлучи на промовирање на однапред промашени кампањи само со цел да се полни ќесето на медиумите под своја закрила. Во прилог се и промашените владини кампањи.

1. Кампања за подигање на свесноста на граѓанинот за неговата улога, учество и однесување во сообраќајот (април и мај 2014)
466.892 евра

2. Кампања за промоција на активностите за реформата на јавната администрација во Република Македонија (мај 2014)
297.103 евра

3. Подготвување и реализација на медија план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми и внатрешно и надворешно рекламирање (јуни 2014)
231.796 евра

4. Кампања за подигање на свесноста на граѓаните во врска со значењето и потребата за консумирање здрава храна и избегнување храна со несоодветен квалитет по нивното здравје (јули 2014)
496.337 евра

5. Емитување на соопштенија и спотови на видео бим (јули 2014)
117.980 евра

Leave a Reply

Your email address will not be published.