Нека е аирлија, владата нè задолжи за нови 145 милиони евра
Двојно повеќе од најавеното задолжување од страна на министерството за финансии. Од нив, 70 милиони евра се нов долг. Останатите 77 милиони евра се за раздолжување на Владата, изјавија денеска од најголемата опозициска партија.
Од СДСМ велат дека тие „укажуваат дека Македонија е длабоко турната во „маѓепсан круг на задолженост“ и што било уште пострашно, вчерашната аукција на хартии од вредност покажала дека не станува збор само за повлекувања на средства и за раздолжувања, туку и за нови задолжувања.