Vivaldi: новиот најсофистициран прелистувач

Некогашниот генерален директор на компанијата која е заслужна за интернет пребарувачот Opera, Џон фон Тетзнер, на јавноста и го представи сопствениот интернет пребарувач Vivaldi, кој е дизајниран специјално за напредни корисници.
Vivaldi е креиран за личности кои секојдневно имаат еден куп отворени табови, а овој пребнарувач истите, автоматски ќе ги сложи со што ќе изгледаат уредно.
Пребарувачот е прилагодлив на секој корисник, со што истиот можете да го подесите по сопствена желба. Vivaldi нуди можност за пишување на белешки при сурфање, како и чување на принтскринови од сајтови. Засега, не постои побилна верзија на овој интернет пребарувач.
Иако Chrome и Mozilla се на пазарот со години, а со самото тоа имаат и свои верни корисници, фон Тетзнер вели дека Vivaldi ќе биде привилечен за корисниците поради своите напредни можности, што беше главна цел на Opera. Мешутоа, Opera се движеше во ист правец како Chrome и Mozilla, што на Џон не му се допаднало.
Vivaldi, како што спомнавме, се уште е во фаза на развој, со што многу функции му недостасуваат, но доколку сакате да го инсталирате, можете да го преземете од овде.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.