Вистини и заблуди за целулитот

Тоа се всушност масти кои се наоѓаат помеѓу сврзното ткиво на кожата, а најчесто се резултат на хормонски дисбаланс, неправилна исхрана и недостаток на вежбање. Мажите, од друга страна, не треба да се грижат премногу бидејќи нивната кожа е подебела од кај жените и поради тоа тие ретко имаат целулит.

Дури 90% од жените имаат изразен целулит и за да се отстранат од него одат на разни третмани, испробуваат некои домашни трикови, совети и скапи креми. За да ги заштедите вашите пари, време и психа ќе ви откриеме неколку вистини и заблуди за целулитот.

Само дебелите луѓе имаат целулит

Овој проблем го имаат и слабите девојки. Поради поврзаноста со хормоналните пореметувања, експертите сметаат дека ова може да биде и генетски поврзан. Жените од исто семејство имаат сличен степен на целулит, без разлика на дебелината. Земете го ова во предвид за да можете да делувате превентивно на него.

Со вежбање можете да го отстраните целулитот

Целулитот се појавува под површината на кожата додека мастите кои ги согоруваме со вежбање се наоѓаат подлабоко. Сепак ова не е причина да престанете да вежбате. Така ќе ги тонирате мускулите и ќе го одвлечете вниманието од вашите критични делови.

Масажите го намалуваат целулитот

Концептот на масажи крие дел од вистината за целулитот. Обичните масажи нема да ви помогнат, но ендермолошката масажа која продира длабоко во кожата е од голема помош. Оваа механичка масажа ќе го опушти ткивото, ќе ја зголеми циркулацијата и ќе помогне при процесирањето на вишокот вода.

Кафе во борба во целулитот

Кафето не е најефикасната метода при отстранување на целулитот, но помага при отстранувањето на вишокот вода од телото.

Истражувањата покажале дека нанесувањето на кафе на кожата го буди метаболизмот за согорување на маснотиите, што потикна некои компании да направат кратки пантолони кои содржат кофеин.

Ви предлагаме да направите пилинг од кафе кој кај некои жени се покажал како ефективна метода во борбата против целулитот.

Креми и гелови

Ако кремите и геловите помагаа, тогаш нашите проблеми одамна ќе беа заборавени. Вистина е дека некои производи можат да ја подобрат состојбата, но сигурно е дека не можат да го отстранат целосно.

Целулитот може да се отстрани со липосукција

Оваа процедура може да направи повеќе штета. Докторите не можат да го отстранат целулитот туку можат само слојот маснотија која се наоѓа под него. На прв поглед изгледа подобро по зафатот, но со годините кожата ја губи еластичноста, а дупките кои останале по процедурата ќе станат уште повидливи.

Темниот тен помага во прекривањето

Во овој мит има нешто вистинито. Потемнетата кожа изгледа попривлечно од светлата, но не заборавајте дека УВ зраците ја стареат кожата поради што по некое време целулитот ќе стане повпечатлив.

Мажите немаат целулит

И мажите имаат целулит, но во поинаков облик. Освен хормоналните разлики, машките масни клетки имаат поинаква форма и не се зголемуваат лесно, па затоа целулитот е помалку видлив. Ако жените се мачат со бутовите и задникот, кај мажите целулитот се појавува на вратот и стомакот.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.