Висок пораз на македонските репрезентативни кошаркарки

Нашите кошаркарки синоќа се поразени од Велика Британија со 53:78 во натпревар од 2.коло на квалификациската Б група. На средбата одиграна во салата „Јасмин„ во Кавадарци македонските кошаркарки немаа можност да и се спротивстават на силната селекција на Велика Британија. Нашите миленички во четвртата четвртина влегоа со голема мотивација но сепак на крај големата разлика од првото полувреме и притисокот го направија своето. Оваа четврта четвртина заврши со резултат од (17-21), за потврда на убедливата победа на гостинските од В.Британија.

Натурализираната Американка Гивенс со 21 поен и пет скока беше најдобра во нашиот состав, Стојановски постигна 11 поени, додека Митрашиновиќ заврши со 7 поени.Во противничкиот табор Фегбинле постигна 15 поени, Томас-Џонсон – 11 поени, а Симпсон натпреварот го заврши со 10 поени.

По овој дуел, Македонија ја чека ново гостување, сега против Белгија на 15.јуни, а потоа на 18.јуни, повторно во Кавадарци, ќе ја пречекаме селекцијата на Литванија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.