Виното, сирењето и чоколадото помагаат при слабеење

Црвено вино
Научниците открија дека во црвеното вино има состојки кои го успоруваат создавањето на масни клетки, па затоа по ручекот е добро да се напиете малку црвено вино. Виното исто така е добро и за крвта и срцето, па затоа не одрекувајте се од него ниту при најстрога диета.

Сирење
Поради својата висока калориска вредност, сирењето веќе долго време е на „црната листа“ на сите оние кои сакаат да се ослободат од вишокот масно ткиво, но најновите истражувања докажуваат дека сирењето ни помага во слабеењето, особено кога се работи за губење на вишокот килограми околу половината. Сирењето е богато со протеини поради кои се чувствуваме заситени, а научниците тврдат дека и калциумот помага побрзо да се согори масното ткиво, па затоа сирењето не треба да го избегнувате во целост.

Чоколада
Веќе е познато дека, иако чоколадата дебелее, неколку коцки темна чоколада може да биде одличен додаток. Темната чоколада е богата со антиоксиданси и одлична е за срцето и крвните садови, а научниците открија дека биофлавонидите кои чоколадата ги содржи можат да помогнат при слабеење. Затоа одберете темна чоколада со што поголем процент на какао како додаток во вашата исхрана.

Кари
Лутите и силните зачини како карито докажано помагаат при согорување на калориите, па затоа тие би биле одличен додаток во вашата исхрана со што ќе ги трошите калориите.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.