Вилфред Бини потпиша денеска договор сo Свонси

Цената на трансферот изнесува 12 милиони фунти, така што Бони стана најскапиот играч во историјата на велшкиот клуб.
Претходно рекордот го држеше Пабло Ернандес кој минатата сезона беше доведен во екипата на Свонси за 5,5 милиони фунти од Валенсија.
Репрезентативецот на Брегот на Слонова Коска потпиша четиригодишен договор, со екипата на Свонси.
Минатата сезона, Бони на 31 натпревар во холанското првенство постигна 30 погодоци. Пред да се појави со дрес на Витесе, Бони го носеше дресот на Спарта Прага.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.