Виктор Иванчиќ – Левицата ги предаде своите вредности

Кога го договаравме ова интервју, приметив дека си прилично страствен читател на теолошка литература, Г. К. Честертон, Јакоб Таубеса, Јирген Молтман… што е тоа што како новинар и интелекстуалец те привлекува во такво четиво, нарочито ако земеме во предвид дека на овие наши простори интелектуалците кои  и припаѓаат на  левицата теологијата готово и да не ги интересира или со цинизам гледаат на неа?

Најкрааток одговор е дека она што го читам го бирам према наркоманските критериуми, а тоа значи дека не се вардам од ниеден отров кој ќе ми донесе уживање. Имено не сум добар познавач на теологијата, покрај тоа не сум ниту верник, но некои теолошки дела се многу инспиративни, било поради стилот на авторот, било поради општествената кауза која ја заговара. Политичката теологија на Павлов Таубес, да речеме, бев обземен, па се впуштив во ново читање во моментот кога  стигнав до крајот на книгата. Иван Илич, кој не може  да го сметаме за теолог, ми значеше дури и повеќе, и тоа на сосема друг начин.

Генералниот пример на таканаречените леви интелектуалци према таквата врста на четиво е прилично блесав и ја следи линијата на предрасудите: тие не ја тривијализираат теологијата затоа што ја читаат, туку ја тривијализираат затоа што не ја читаат. Затоа никогаш нема да разберат дека Молтмановата блискост со Франкфуртската школа, на пример, иоако потајно спремни се’  да се колнат. Нема да приметат дека во некои теолошки дела  има  многу повеќе леви идеи и субверзивен потенцијал отколку што денешната официјална левица би се осмелила да ги изговори на уста. Тоа на посреден начин сведочи за вистинската, дволична, природа на владеачки рационализам, таква каде што секуларниот фонд на митови е еднакво богат како и онај религискиот.

Од друга страна, може  да го препознаете рефлексот на долгогодишната интелектуална криза во “левата сфера“. Ако зборуваме  за институционалната левица – или за онаа парламентараната – таа ги предаде своите почетни вредности отприлика како што  организираното  христијанство  го изневери своето ревулуционерно потекло. Црквата денес се ужасува од хомосексуалните бракови, мастурбација, презервативи и слични преданија, ама многу помалку ги загрижуваат разликите измеѓу богатите и сиромашните. Институционалната левица се ужаснува пак, од ужасувањето на црквата, спремно ќе се организира против “затуцаноста“ и “просветувањето“, ама катастрофалните општествени нееднаквости не ја вознемируваат како би се намалила и ублажила, напротив, власта најчесто работи неуморно на нивна репродукција.

Фаталистичка верба во денешниот владеачки капиталистички поредок, дури и како “најмалку злобен од сите останати“, што веќе стана врежана мантра, има свои обележја, религиски уверувања, и тоа всушност е молитвена поза на денешната видлива левица. Тие свештеници на “напредокот“, со својата категорична критичка ирационалност и празноверие – со стална потреба од козметички доработувања ја легитимираат постоечката состојба – наместо да го менуваат – не сфаќаат дека се гушат во сопственото митотворство, а кога гледаш што се под фирмата “напредок“ се сервира, може само да ти се превртува желудникот. Организираната религија и нејзините правоверени критичари ги поврзува слична тупавост према темелите на неправдата.

Дотолку повеќе што помеѓу религиозните и нерелигиозните писатели најнапред ме интересираат оние кои ги преиспитуваат зададените нормативни реалности, кои имаат храброст да ги следат сопствените идеи, како што ми се чини, во таа смисла дволно ослободени од наметнатиот прагматизам и не прифаќаат да бидат дел од вообичаените реал-политички ланци. Тамо се’ уште се знае да се говори за утoписките концепти – на пример кај Соприн – кои се страшно озогласени во секуларниот универзум дека, ако ги спомнете, токму оние на левицата ќе ве стават на бесилка како љубители на тоталитарни расплети. Во суштина, како и на атеистите, блиско и инспиративно ми е христијанското слободарство на Иван Илич од армијата проминентни либерални рационалисти кои, со своите хронични страсти, настапуваат како приземни гњаватори.

Го спомнуваш субверзивниот потенцијал на теологијата. Да се спомне Јирген Молтман ќе се каже дека е најголемата критика и опасност за христијанството, Црквата, не е секуларизмот, комунизмот и другите идеологии кои за тоа се оптужуваат, туку историскиот Исус. Ме интересира кое е твоето атеистичко читање на Исус?

Честертон на едно место, помалку патронизаторски, вели дека  Исус со крикот  на крстот ја изразил осаменоста на атеистот. “Само во една религија“, вели, “ни се стори дека Бог е атеиста“. Не се осудувам,  да го тумачам, сепак, тој “тип“ поради недоволно познавање на материјата, како и заради стравот погрешно да не бидам разбран. Имено, затоа што беше политички радикал, и тоа во најдобриот израз на тој збор, денес веројатно би имал што да каже за оние кои ја злоупотребуваат неговата жртва. Како што се солидаризирал со отфрлените од општеството и државата, така би се солидаризирал и со жртвите на институциите која допринесува и маркетингшки ја  експлоатира неговата слава, бидејќи и самиот беше жртва на религијата. Пуштајќи на фантазијата, дури можам и да замислам како овие денови позади некој видиковец, ја гледам режираната церемонија на новиот папа, агресивен мултимедијален спектакал, глобална костимирана забава и демонстрација на моќ, трудејќи се да не падне во несвест. Можеби го ждере грижата на совест, а можеби смислува акција како ќе го демонтира сопствениот култ. Мора да е ужасно мачно како го гледа сопственото име искористено во хиперпопуларен бренд на знаменцињата со кои мавтаат узурпаторите. Една од поголемите незгоди во светот е што не е решен денешниот проблем со авторските права.

Основач си и долгогодишен уредник на “покојниот“ Ферал Трибјун, по многумина, најзначајниот весник на овие простори последниве децении. Дали по твојот суд идеите на Ферал, водилките на критичкото новинарство и пред се доследност заживеаја во “постфералското“ живеење, не рачунајќи го останатите новинари, денес расштркани низ разни редакции?

Генерално земено, новинарството  е пацифизирана професија, денеска многу повеќе отколу претходно. Критички дух и нешто како доследност на егзисирање на маргините, ама не во оквирите на средишните медиумски струи. Прецизно речено, журналистичка критика постои и во мејнстрим медиумите ама таа е дозирана и не ги ремети поставените правила на игра и не ја загрозува моториката на составот, туку служи за да ја потврди статус кво состојбата и да му осигура “демократски“ штимунг. Едно од итроштините на пропагандата е критиката да се стави во одбрана на поредокот, со внимателна артикулација на незадоволството да се осуети револт и да се превенира евентуална побуна. Состојбата перманентно се “подобрува“ како не би се размислувало за алтернатива. Ја пречекориш ли, меѓутоа, непишаната критичка граница толку што, наместо кунструктивна загриженост, предизвикуваш непријатност, готово е сигурно дека со помош на различни врсти на притисок ќе бидеш тргнат од централната игра на теренот и испратен во некој вид на одметништво, низ квалификации кои обично им се препишува како штеточински и екстремистички.

За тоа веќе не е нужно ниту потребно директно политичко насилие, методите се многу потемелни. Од денешна перспектива, само како пример, е право чудо што Ферал преживеа петнаесет години без платени огласи што е еднакво на бизарност како и неговата  содржина. Имено, факт е дека весниците живеат од маркетинг – тоест од платена пропаганда – а која денес се зема здраво за готово како непроменлива законитост, не е само симболички грозна порака, туку и голема самоубиствена замка, оти подразбира дека новинарството опстојува благодарение на сопствената негација. Тоа може единствено да води кон длабока измена на карактерот, во што побезболен сојуз со рекламната индустрија, дури и кон формално преправање на занаетот во која својата “независност“ ја насочува кон сервисните служби на финансии и моќ.

Ако постоеше нешто како темелна Фералова поетика, тогаш тоа е радикална демистификација на општествените случувања, додека општиот тренд е обратен: на дело е радикална демистификација, дури и кога се негува “критички пристап“. Во таа смисла водечки се масовните медиуми, бидејќи ја напаѓаат олигархијата, всушност ја опслужуваат олигархијата а со тоа насочени кон безконфликноста, иако се обидуваат да создадат поинаков привид. Нивните содржини се како оние акциони филмови преполни со вратоломии, насилни призори, лудачки сценски ефекти кои секогаш водат кон хепи ендинг, победа на добрите момци, точка во која се постигнува политичка согласност.

Од друга страна, мислам, не треба да се преценува моќта на корпорациските медиуми. Влијанието е многу релативна работа кога ќе налеташ на читатели преполни со иронија, а такви ќе бидат се повеќе и повеќе. Акционите филмови се гледаат со лежерност која уклучува и недоверба. Освен тоа, “потребите на пазарите“ не се што и потребите на луѓето, колку и такви да ни се претставуваат, оти самиот пазар е фабрикат, па и “потребите“ се медиумиски индуцирани за како би можеле да бидат задоволени. Сето  тоа мириса на структура која многу лесно може да биде рушена, и тоа сама од себе, под теретот на наталожениот апсурд. Дотолку делувањето од маргината, каде се’ уште е можно да се занимаваш со ангажирано новинарство, не го сметам ниту сизифовски ниту безначајно, и не сум во тој поглед преголем песимист.

На почетокот ја спомнуваше левицата и нејзиното предавство на основните вредности и начела. Како воопшто левицата може да биде доследна на своите вредности, а тука првенствено мислам на нашата религија која нужно оперира во околностите на глобализацијата, корпорации кои ја одредуваат “вистината“ по своите интереси, што би било спротивно од вредностите на левицата. Како воопшто “леви“ идеи можат да функционираат ако се најдат на власт, а не само штури критичари?

Етаблираната левица објективно не може да стори ништо, оти самата претставува дел од проблемот. Ќе биде во ситуација да ги санира проблемите кои самата ги предизвикува, а такви шизофрени мотиви нема. Одамна се случи преселбата на помалку-повеќе на целата политичка сфера кон “средината“, терен на кој царува безличност и успеваат само хибридни форми. Фактички во игра е само една и единствена политика – ни лева ни десна – со блааги модификации во стил и тежнеење за отстранување на “екстреми“, а сето пропратено со темелна деполитизација на граѓаните како би се воспоставила што појасна дистанца измеѓу “централното политичко случување“ и публика која гледа со платени влезници и со се поголема досада. Нашата вклученост во демократскиот живот е исцрпен така што еднаш во четири години ќе одиме на гласање пред кутиите и ќе дадеме свој допринос  во кој изведувачите се неизбежни, како некаква елементарна непогода. Дури и тоа ако го одбиеме, знаеме дека претставата ќе се одржи и единствено што ни останува е чувството на општата немоќ. Таа немоќ е од пресудно  –така наречено конститутивно – значење.

Во “златната средина“ вредноститет се само како декоративни елемент на прагмата, верувањата се втемелни како цинични ритуали. Кога левицата преговара за социјална реформа и работнички права тоа неодоливо потсетува на папата Фрањо кои во последните денови им се удвара на сиромашните. Мимо теоатралните гестикулации, таа е фонд  на некогашните идеали со кои самата се смести во полето на “политичката некоректност“ и дури е спремна на корисниците да им суди поштро отколку другите, оти веројатно ја изморува и лошата совест. Првата задача на некаква замислена нова левица – која по се нема да се појави така брзо, оти се чини дека масовната артикулација ја продуцира ригидната десницата – постои само да ја детронизира левицата на власт.

На нашиве простори левицата има имиџ на некој кој е попристоен од десницата, и тоа затоа што оваа потајно гаи шовинистички обележја и искажува отворено фашизоидни претензии. Но, кога се работи за примена на неолибералани обрасци, социјални права, приватна узурпација на јавните добра или економистички пристапи на уредување на општеството, таа во најмала рака не заостанува, дури некогаш настапува и “подесно“ од десницата, додека оваа другата сака да води како некаков народно движење и лажно да им се претставува дека води грижа за луѓето. На пример, студенската блокада на Универзитетот во Загреб, кога после полни две децении, социјалното прашање за прв пат е ставено на дневен ред, хрватската левица буквално го игнорираше, дури  тогаш беше во опозиција и можеше, ако ништо друго, протестот да го искористи за напад кон власта. Далеку од било какви револуционерни амбиции, нејзе дури и сметаат бесплатно образование и загарантирана здравствена заштита, што значи дека во дадениот капиталистички контекст плива како риба во вода. Па нека тогаш и водата ја носи!

Ја спомнуваш позата на новиот папа кога зборува за сиромашните. Мене не ми се чини дека кај него лично се реаботи за поза. Таа поза – додворување на сиромашните ќе биде видлива кај оние бискупи и свештеници кои, одеднаш, ќе почат да зборуваат за Црквата на сиромашнитеи свртувањето кон маргинализираните, а до сега, освен декларативно, баш и не се грижеа многу за нив. Исто како и со левицата, како воопшто да се институционализираат некои идеи, кои изворно започнале на целосна маргина?

Можно е да сум неправеден према Фрањо, бидејќи не можам да успеам да го согледам надвор од механизамот на моќ кој го исфрли на површина. Воопшто не се сомневам во неговите добри намери но за контекстот во кој делува, дометот на неговите пораки е од пресудно значење. Сега во секој случај глетката е многу интересна, скоро па забавна, бидејќи имаме папа кој – судејќи според симболичките гестови кои ја следеа неговата промоција – втемелува негирање на институцијата на чие чело се наоѓа. Излегува дека најлутиот противник на аристократскиот статус и начинот на живот на отуѓената римокатоличка хиерархија се затекнал на врвот на хиерархијата. Од таа појдовна точка можни се само две сценарија – или ќе бидат иницирани темелни реформи, па “Црквата на сиромашните”ќе никне врз рушевините на оваа сегашната, или ќе се покаже дека новиот асортиман на пароли бил само во служба на мимикријата. Жарот со кој свештениците овие денови масовно ги отфрлаат позлатените крстови и околу врат обесуваат железни, претворајќи ги апелите на својот претпоставен во моден тренд, ни наговестува дека припадниците на клерот се склони кон конверзија од украсна природа. Железниот крст на кардиналот Јосип Бозаниќ, во комбинација со бискупските дворци обложени со полудраги камења, може да биде само карикатура и навреда на здравиот разум. Црквата преку Фрањо зборува за елиминација на јазот помеѓу богатите и сиромашните, за потребата од расподелување на богатството, но несогласувањето  е – барем за сега – во тоа што таа не го распоредува богатството, ниту пак се одрекува од него. До крај заостреното прашање би гласело: Можеш ли да бидеш за правилна распределба на богатството, а да не  бидеш против Ватикан?

Моите сомнежи, значи, не произлегуваат од сомнежот во искреноста на папата, туку од стравот дека склопот е во состојба да го понуди своето поприфатливо и поубаво лице за да се сочува себе си. Горното прашање во тој случај еволуира во: Како да се биде против Ватикан ако врвот на Ватикан е “против-ватикански”? Мислам дека, кога станува збор за институционализацијата на идеите кои ги негираат институциите, таа опасност од мимикрија не треба да се занемари. Денес во светот нема поголем пријател на сиромашните у загрозените од Бил Гејтс, според износите на донациите тој е најголемиот добротвор во историјата на човештвото, а зад неговото второ лице живее бескрупулозен финансиски брокер, симбол и вистински корисник на системот кој е втемелен на искористување и продлабочување на класните разлики. Што е Гејтс побогат, повеќе ќе им помаг на сиромашните, а за да биде побогат, мора повеќе да експлоатира. Нема двоумење дека меѓу богатата елита порпијатно е да го видите свесниот и добронамерен Гејтс отколку, да речеме, Руперт Мурдок, но карактерот на поредокот со тоа не е променет, напротив, основната неправда со помош на хуманитарните зачини поприфатлива, па потоа може и постабилна.

Да не зборувам за тоа дека постојат и многу повулгарни примери, како хрватскиот левичар Иве Јосиповиќ, кој ги доби претседателските избори со претенциозна програма за “новата праведност”, повикувајќи на солидарност, и денес без конкуренција е најпопуларниот политичар во оваа земја. Излегува, меѓутоа, дека неговата тајна кариера е во драматична спротивност и со солодарноста и со “новата праведност”, до таму што користејќи го влијанието ги извлекол своите пари од пропаднатите банки, додека влоговите на останатите штедачи пропаднаа. Него, всушност, е недостојно да го користам за споредба. И Фрањо и Бил имаат доволно специфична тежина да бидат веродостојни барем како симбол, а овој е само типичен балкански политички манипулатор.

Интересно е да се виде дека хрватската, но и српската политика последните години не знае што да прави со односите меѓу бившите југословенски републики. Од една страна, се повеќе иницијативи, озбилни работи кои тематизираат преголема сличност, дури и еднаквост на културното наследство, историјата, јазиците на тие простори, а од друга страна се издигнуваат десничарски намери радикално да се раздвојат тие простори. Дали процесот на односи на тие новонастанати држави ќе се движи кон се поголемо зближување (не само поднесување) и може ли тој процес воопшто да се избегне?

Се додека национализмот претставува основен мобилизирачки ресурс, меѓудржавните односи кои ги диктираат политичките гарнитури ќе бидат мирнодопски верзии на воена состојба. Тоа се политики каде народните претставници настапуваат како фрустрирани војсководачи на мали формации и се обидуваат да го произведат оној интензитет на взаемно непријателство кој моментално им одговара. Притоа владејачките елити постојано се помогнуваат меѓусебе, бидејќи меѓудржавните тензии се инсценираат исклучиво за внтаредржавни потреби. Стабилноста на националите режими се пробува да се осигура со помош на квалитетно нарушени билатерални односи.

Творбите настанати со распадот на Југославија идентитетски се профилирале како држави – маченички и сите протоколарни релации на нивните лидери се сведуваат на лицитирање на страдањето, што стана заморно и прозирно. Народите кои така долго ги прифаќаат таквите банални нарации според мене заслужуваат медицинска помош, кога таа би била можна. Бидејќи поттикнува трајна иритација, национализмот може да равива единствено способност на насладување над сопствената жртва. Таа трагично непродуктивна опседнатост со самите себе, стремежот во мир континуирано да се обновува војната, во еден дамнешен текст ја означив како мастурбационализам. Климаксот на фарсата се случува овие денови, кога хрватските и српските власти со тивка дипломатија пробуваат прецизираат меѓусебно повлекување на тужбите за геноцид пред судот во Хаг. Немам ништо против таквиот епилог, напротив, но невозможно е да не се примети дека амбиентот во кој се договараат модалитетите на мирнодопска соработка сосема наликува на оној кога Туѓман и Милошевиќ ги договарале модалитетите на војната. На дневен ред нема ништо освен лешеви.

Од друга страна, многу повеќе од “служебениот”дел на програмата ме интересира неформалниот, вистинскиот живот, а тој пулсира и во најлоши услови. Бидејќи нема сомнеж дека станува збор за единствениот културен простор кој може да се растури само со голо насилство. Дури и ако биде под тешка тортура, уверен сум дека тој културен простор ќе преживее, без разлика колку граници и забрани да постават моќниците на ова тло. Чисто силување е, на пример, што денес ниту во една хрватска книжара не можеме да купиме книги објавени во Србија или Босна и Херцеговина, иако тие се печатени на јазик разбирлив за сите. Работата е уште помрачна ако се навлезе во причините, бидејќи изгледа дека државните администрации не се веќе оние кои поставуваат најголеми препреки, книгите се дури и ослободени од царински давачки, туку тоа се само издавачите кои ги држат продажните ланци – а инаку се залагаат за полиберален дел на тукашниот свет – со оглед дека ги чуваат своите запишани имоти и национализирани монополи. Ете како спојот на национализмот и пазарот се реализира низ срамно културно уништување. Профитот кој се црпи од некаков фиктивен државен суверенитет, по цена да се сторнира учинокот на заедничкиот јазик, за последица има подмолно  наштетување.

Пишуваш и објавуваш новински текстови во Хрватска, а книгите континуирано, веќе неколку години, ти се објавуваат во Белград. Има ли тука, за тебе лично, некаква симболика?

Се плашам дека моето југословенство е премногу вистинито за да биде симболично. Морам да кажам дека во Фабрика за книги би објавувал дури и ако таа се наоѓа на Марс, или дури и во Сплит, бидејќи е голема привилегија да се биде дел од таков креативен погон, посебно кога работиш со пријателите и истомисленици. Последните години љубезно ги одбивав понудите на хрватските издавачи да одобрам “национални”изданија на своите книги. Откако, понесен од јадната суета, непромислено овозможив романот “Vita activa“  се појави во три држави, кај три различни издавачи, на ист јазик – што пак не испадна така лошо , бидејќи ме доведе во Фабриката – сфатив дека воопшо не ми годи да видам “хрватско”,“српско” и “босанско”издание на една иста книга. Значаен дел од својата работа посветив на рушење на тие зидови и сега едноставно несакам да придонесувам за нивно зацврстување. 

 

извор: 6yka.com;

превод К. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published.