(ВИДЕО) Шилегов го праша Груевски за плацевите на Водно

Првата можност за поставување пратенички прашања социјалдемократите ја искористија за повторно актуализирање на материјалите од прислушуваните разговори. Пратеникот Петре Шилегов потсети на аферата за плацовите на Водно, кои беа во сопственост на фирма од Белизе, а за кои СДСМ тврди дека се во сопственост на премиерот Никола Груевски. Шилегов, повикувајќи се на тековната состојба на фирмата „Сирах инженеринг“, во продажбата на парцелите на Водно, бил вмешан блискиот пријател на премиерот, Ристе Новачевски. Шилегов го обвини Груевски дека имал клучна улога во случајот.

„Тврдите дека плацот, кој сте го начекале за џабалак, нема никаква врска со вас. Зошто досега не побаравте да се објави кој е вистинскиот сопственик на ’Сирах ДООЕЛ‘ пред последната трансакција? Вие тврдите дека нема да загубите ништо ако се подели на 20 плаца. Што е тоа што сте можеле да го изгубите, потенцијална градба“, праша Шилегов. Тој му предложи на Груевски да му се јави на својот пријател Новачевски и да го праша кој го именувал за управител на фирмата ’Сирах ДООЕЛ‘ и тоа да го каже пред целата јавност.

Leave a Reply

Your email address will not be published.