(ВИДЕО) Шиков постигна гол за победа во виенското дерби

Навивачите на Австрија Виена го слават Ванче Шиков, кој на својата екипа и’ донесе победа од 2:1 во градското дерби со Рапид. Македонскиот репрезентативец во 84. минута го постигна својот прв гол во австриската Бундес-лига, стрелајќи неодбранливо со глава од петерецот по нафрлувањето од левата страна. Голот на дефанзивецот од Кавадарци добива на тежина и поради тоа што со него беше крунисан пресвртот по водството на Рапид, како и поради фактот дека тимот на Шиков од 73. минута играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Рамзебнер.


All Goals _ Austria Wien – Rapid 08.03.2015 HD by all-goals-Highlights

„Среќен сум што успеав да му донесам победа на мојот тим во ова дерби, во овој натпревар за кој зборуваше цела Австрија. Ова ми е прв гол во дресот на Австрија и тоа токму против Рапид! Еуфоријата на стадионот по мечот беше голема, бидејќи губевме и имавме играч помалку, а победивме. Да се знае дека Виена е виолетова“, изјави Шиков, чиј гол против второпласираниот тим во лигата ја искачи Австрија Виена, на шестото место на табелата во конкуренција на десет екипи.

Извор УТРИНСКИ

Leave a Reply

Your email address will not be published.