(Видео) Кавадарци: Одличен терен за одгледување на хибридни сорти
Како што е познато дека Кавадарци, поради својата јужна положба е под големо влијание на медитеранската клима, располага со плодна земја на која е можно да се одгледаат разни култури. Во модерното време во кое живееме, сите знаеме, дека хибридните производи во добар дел веќе го освоија пазарот поради: полесното одгледување, поголемата отпорност на болести, самиот квалитет и вкус во краен случај.
Така и Кавадарци се придружи на големиот број одгледувачи на хибриди и се планира да го завземе главното место меѓу пионерите на ваквото модерно одгледување на одредени билни и овошни култури.