(Видео) Иссвиркан, со полни гаќи и половина уста, премиерот Груевски се обрати на турската заедница

Груевски беше дочекан со свирежи на прославата на националниот празник на Турците во салата Борис Трајковски во Скопје. Од Демократската партија на Турците, која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ денеска не беа достапни, а од ВМРО-ДПМНЕ  само кратко го коментираа она што се случи на вчерашната прослава.
Според Аднан Ќахил од Партија за Движење на Турците во Македонија се поставува прашањето со кое лице воопшто Груевски се  појавил на прославата.

Според Ќахил, премиерот се обидел да заработи политички поени, но Турците имаат многу причини да бидат незадоволни.
Како што вели Ќахил, владата на Груевски веќе со години ветува изградба на Турскиот театар, но и понатаму тоа останува само на ветување, па затоа и не треба да чудат  ваквите реакции.
Извор 24вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.