(ВИДЕО) Граѓански протест пред Уставниот (кенеф) суд на Република Македонија

Имињата на петте судии Јосиф Јосифовски, Никола Ивановски Владимир Стојаноски, Вангелина Маркудова и Елена Гошева кои гласаа за да се поведе постапка за оценување на измените во законот за помилување, синоќа на разглас одекнаа пред Уставниот суд, пренесува НОВАТВ.

Стотици граѓани излегоа на протест во знак на револт што судиите дадоа зелено светло да се разгледа иницијативата претседателот да има зголемени ингиренции и да може да помилува затвореници кои се осудени за изборен криминал, кривични дела против полова слобода и морал и недозволено производство и пуштање во промет на дрога.

Според активистите ваквата одлука, во време кога актуелен е случајот со изборниот фалсификат во кој осомничени се високи функционери од власта, покажува какво партиско едноумие владеее во државата.

-Криејќи ги од затвор вие донесовте одлука со која што овозможивте не само луѓето овозможени за изборни измами, туку и педофилите и дилерите на друга, сите да бидат помилувани. Е затоа ова партиско едноумие не го бива, бидејќи со сувото и сировото гори. За да ги спасиме газдите ќе направиме можност да пуштиме и педофили. Доста беше Уставен суд! Кој ќе го штити Уставот од вас? – рече активистот Павле Богоевски.

Според активистката Билјана Бејкова, со денешното прифаќање да се разгледа иницијативата со опција да бидат помилувани затвореници осудени за изборен криминал, власта практично признава дека мамела на изборите.

-Со оваа срамна одлука Уставниот суд ги погази, Уставот, правото и правдата. Денеска Уставниот суд во суштина стана сојузник на изборните измами кои се случуваат во оваа држава. Во суштина власта призна дека мамела на изборите, а Уставнито суд ја презеде одговорноста. Покрај тоа што очигледно дека судството е партизирано, ова е доказ дека власта се плаши, рече Бејкова.

На ваквата одлука од составот во Уставниот суд се противеле судиите Наташа Габер – Дамјановска, Гзиме Старова, Исмаил Дардишта и Сали Мурати.

По одлуката на Уставен, стигнаа и партиски реакции од СДСМ, како и Демократскиот сојуз, но и од невладините организации кои се во насока на тоа дека со оваа постапка Уставниот суд легализирал изборен фалсификат.
Извор НОВАТВ

Leave a Reply

Your email address will not be published.