(ВИДЕО) Eксклузивно: Панчо Минов се заканува до трето колено на советници од ДПМНЕ
Панчо Минов од ГРОМ жестоко на седница на совет на општина Кавадарци се заканува до советници од ВМРО-ДПМНЕ
На седница на совет на општина Кавадарци, Панчо Минов од ГРОМ поединечно се заканува до советници на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци. Минов вели дека кон него се врши реваншизам од страна на советниците на ДПМНЕ и затоа им се заканува до трето колено на претставниците на гласачкото тело од оваа партија.
Она што следува е дали членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ кои секој ден ги има се помалку, ќе ги премолчат овие закани на Минов кон советниците за кои тие го дале својот глас или пак како и многумина ќе побараат закрила во другите партии? Дали гласачкото тело на ДПМНЕ од Кавадарци ќе гласа за Панчо Минов после овој скандал?
Деновиве револтирани членови од ВМРО-ДПМНЕ пред својот партиски штаб поставија платно на кое беше испишано: “Ја уништивте партијата, Панчо не е ВМРО…” испраќајќи јасна порака дека или Минов заминува од листа или тие заминуваат од партија.
Како и да е веќе утревечер со почеток од 20 часот на градскиот плоштад во Кавадарци ДПМНЕ со коалиционите партнери ќе одржат митинг пред своето гласачко тело. Ситуацијата која деновиве ескалира во партиските простории во Кавадарци се разлеа и во централата во Скопје. Претседателот на партијата, Никола Груевски, испачичен дал наредба што повеќе автобуси од останатите градови да довлечкаат членови на ДПМНЕ во Кавадарци за да не доживеат уште едно фијаско како она во Охрид. Старо, младо, здраво, болно…морало сите да присуствуваат во Кавадарци.
Се очекува членовите на ДПМНЕ од Кавадарци да го бојкотираат утрешниот митинг, да седат во своите домови и да го гледат фудбалскиот натпреварот од лигата на шампионите.