Вграден чип под кожа на работниците

Малите чипови се вметнуваат во кожата на раката и можат да се користат за отворање на врати и користење на фотокопир. На 400 вработени во технолошката компанија Epicenter им било понудено да го вградат овој чип.
Менаџментот на компанијата планира да ги истражи можностите за употреба на чипови и за други работи како плаќање на храна во ресторанот, па дури и како замена за лозинките и пиновите во компјутерите.
„Сакаме подобро да ја разбереме оваа технологија пред владата и големите компании да ни се обратат“, смета Ханес Сјоблад од компанијата.
Според пишувањата на шведските медиуми, наскоро и други компании би почнале да го следат овој концепт за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.