Весна Пемова меѓу најголемите “земјоделци” во тиквешијата!
Дел од пратениците од ВМРО – ДПМНЕ потврдија дека тие или членови на нивните потесни семејства добиле државно земјоделско земјиште
Три хектари државно земјиште добил поранешниот пратеник Илија Пемов, сопруг на сегашната пратеничка Весна Пемова од ВМРО – ДПМНЕ. Пратеничката Пемова се повика на законските регулативи, и за АлсатМ потврди дека нејзиниот сопруг добил земја, но дека е добиена законски.
Да потсетиме само дека целата испостава на ДПМНЕ овие десет години го испогази целиот државен устав, го осквернавија секој можен закон, си донесуваа стотици скандалозни закони во нивна корист. Во аудио записите на таканаречените “бомби” повеќе од јасно е дека целиот политички врв од ДПМНЕ длабоко е навлезен во крупни криминални дејствија, на штета на граѓаните на Република Македонија.
Весна Пемова е еден од оние пратеници кои без пардон го притискаше тастерот во народното собрание на Република Македонија за поддршка на секој предлог скандал закон кој беше произлезен од подрумите на ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Никола Груевски на кој му се заканува мерка затвор од подолго време.
Пемова и понатаму седи во пратеничка клупа, и понатаму не работи скоро ништо во интерес на граѓаните. Секој месец на нејзиното конто легнуваат преку илјада евра месечен хорорар по основ пратеничка плата, пари кои ги зема од даноците на кавадаречките лозари кои пак оваа година го доживеаја дното од срам кога станува збор за бербата и откупот на грозјето во тиквешијата.