Верувате во случајност или судбина

Низ историјата многу примери потврдуваат дека случајностите се судбина или само случајност? 

Близнаци кои се родиле и умреле во исто време
Во март 2002-ра година, идентичните 71-годишни близнаци од Финска, умреле на ист ден, само два часа временски оддалечени. И двајцата загинале во сообраќајна несреќа на истиот пат, додека возеле велосипед.

Убиен на истото место, на ист начин
Во 1975-та година, еден човек бил убиен откако се судрил со такси возило додека возел мотор. Една година подоцна, друг човек умрел на истото место – на истиот начин, додека возел мотор. Уште поневеројатно е тоа што бил удрен од истиот таксист, кој го возел истото возило. Бонус факт е тоа што моторот бил истиот, а тоа е возможно бидејќи двајцата луѓе кои умреле во двете сообраќајки биле браќа.

Мистериозниот свештеник
Џозеф е познат сликар од Австрија, кој живеел во 19-тиот век. Тој бил многу депресивен и се обидувал да се убие неколку пати. Првиот обид за самоубиство го имал на 18 години – пробал да се обеси, но бил спречен од еден мистериозен свештеник. На 22 години тој повторно пробал да се убие на истиот начин, но мистериозниот свештеник повторно се појави на неговиот пат и го спасил. Осум години подоцна Џозеф бил киднапиран поради неговите политички мислења – сепак, свештеникот повторно се појавил на време и го спасил. Дури на 68-годишна возраст Џозеф успеал да се самоубие, така што си пукал во главата, а свеченоста за неговата смрт била одржана од мистериозниот свештеник, чие име тој никогаш не го дознал.

Дожд од бебиња
Во доцните 30-ти на минатиот век, една млада мајка била крајно благодарна на Џозеф Пиглок. Тој, додека одел по улицата, едно бебе паднало на него од високите катови. За среќа, и Пиглок и бебето преживеале без повреди. Точно една година подоцна, летечкото бебе повторно паднало од прозорецот, но за среќа Пиглок повторно поминувал од таа улица и го блокирал паѓањето на бебето – и вториот пат двајцата преживеале без никакви повреди.

Исто име, во иста соба, но друг човек
Господин Џерод Д. Бризон, во доцните 50-ти години бил на бизнис патување, а се сместил во хотелот Blowsville во Кентаки, во соба 307. Подоцна, тој отишол до рецепција за да провери дали има писма стигнати за него. Рецепционерот му кажал дека има само едно писмо и му го дал пликото. Откако го отворил писмото тој дознал дека не е за него – туку за човекот кој отседнувал во соба 307 пред него, а го носел истото име – Џерод Д. Бризон.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.