Фајненшл Тајмс: Величањето на минатото се покажа скапо
Александар Велики качен на коњ го подигнува својот меч над централниот плоштад во Скопје. Двајца револуционери од 19 век во отоманската ера се поставени крај Камениот мост. Редица од згради во нео-барок стил од светлечки мермер се поставени на спротивната страна на реката Вардар.
Но, овие обележја не се споменици од минатите векови, туку се дел од “Скопје 2014″, четиригодишен проект кој вклучува големи бронзени статуи нови владини зданија, фонтани и сето тоа осветлено во разни бои.
Според премиерот Никола Груевски се работи за трансформација на безличното централно подрачје во туристичка атракција, со назнака дека земјата има богато, но малку познато наследство.
– Ние сме млада земја која постои само 23 години и кога станавме независни од Југославија ние бевме нација со сопствена историја, но без споменици или статуи – изјави за Фајненшл тајмс Никола Груевски, идеолог на проектот. Тој додаде: “сега имаме помеѓу 30 и 40 споменици вклучувајќи ја Триумфалната капија која беше изградена во знак на одбележување на 20-годишнината од осамостојувањето и ќе бидат изградени уште”.
Критиките за “Скопје 2014″ пак зборуваат дека е тој прескап проект, како и дека го претворил центарот на градот во своевиден Дизниленд и има непожелна идеолошка позадина.
– Проектот е кич и мислам дека сака да создаде впечаток кои сме и од каде доаѓаме, а тоа не помага во релациите со нашите соседи – вели Бранко Героски, политички коментатор.
Трансформацијата на Скопје е со идеја да се промовира македонскиот идентитет кој се протега до античка Грција и средновековната Бугарска империја која во минатото била еднаш под единствена управа на јужниот Балкан. Но, на тој простор имало постојан проток и одлевање на освојувачи и армии, па некои од македонските “херои” се препознаени како сопственост и во други земји. Подигнувањето на статуата на Александар и другата, на царот Самуил, на пример, ги иритираше властите во Софија и во Атина. Грците се особено напнати. Атина подигна вето за членството на Македонија во НАТО и во преговорите со ЕУ уште во 2008 година, обвинувајќи го северниот сосед дека името рефлектира скриена закана кон нивниот сопствен регион Македонија и треба да биде сменето.
олимпија
Две децении на испрекинати разговори за прашањето за името со посредништво на специјален пратеник на Обединетите нации завршија со неуспех да се постигне компромис.
За многу Македонци проектот “Скопје 2014″ е фокусот на незадоволство од Владата на Груевски.
Гласачите во Општина Центар која опфаќа повеќе од 100.000 жители, на локалните избори одржани во март го поддржаа кандидатот на опозицијата, за прв пат во последната декада.
Андреј Жерновски, новиот градоначалник на Центар сака да го запре проектот, да ја урне Триумфалната капија и да ги отстрани повеќето од статуите, за кои вели дека би се преместиле во помалите градови низ земјата.
– Најголемата грешка на Владата беше што го почна проектот без консултација со граѓаните кои на крајот го плаќаат овој проект – изјави Жерновски, пратеник од малата Либералдемократска партија. Тој додаде: “гласачите одлучија дека тој е прескап и во право се. Ние се соочивме со огромни трошоци кои не можеме да си ги дозволиме и не знаеме каде се потрошија тие пари”.
Буџетот за “Скопје 2014″ определен на 80 милиони евра пред четири години, се зголеми на 207 милиони евра, како што призна и самиот Груевски.
andrej-zernovskiгруевски
Жерновски вели дека ќе ангажира меѓународден ревизор за да го преиспита проектот откако увидел дека Владата платила многу високи цени за повеќето од спомениците.
– Утврдивме дека набавката на споменик со висина на спомениците кои се поставени чини 65.000 евра, но оние на Гоце Делчев и на Даме Груев чинат речиси 10 пати поскапо – рече Жерновски.
Зголемените трошоци за овој проект го подигнаа вниманието и на меѓународната агенција “Стандард и пурс” која го намали рејтингот на земјата на ББ- во мај годинава, наведувајќи помеѓу останатото дека е тоа сторено поради “скорешните зголемени капитални трошоци на непродуктивни проекти”.
Груевски го бранеше проектот на економска основа со објаснување дека административните згради ќе креираат заштеди што сега се плаќаат за закуп на простор, а во исто време проектот ќе ги раздвижи локалните градежни компании кои ќе обезбедат 10.000 нови работни места, во земјата со стапка на невработеност од 30 отсто. Според Груевски, проектот ја зголемил и годишната стапка на раст во туризмот за 10 до 15 отсто.
Владислав Бенарк со својата ќерка Јана кои се посетители од Чешката Република се импресионирани од излогот на статуи на плоштадот.
– Мислам дека ова остава голем впечаток на туристите, затоа што веднаш кога ќе се стапне на плоштадот, тие се појавуваат во својата големина – рече г-н Бернак.
(Пренесено од “Фајненшл тајмс”)
Извор Јавност