Вегетаријалнците живеат подолго

Исклучително добар повод да се тргне по патот на вегетаријанството или, ако веќе сте го направиле, да се погалите по рамото за коректното решение.

Тоа е јасно од едно прилично големо истражување на над 73.308 адвентисти од седмиот ден. Периодот на следење опфаќа шест години и во тоа време во групата се јавуваат 2.570 смртни случаи. Бројката вели дека вкупната смртност е еквивалентна на шест починати на секои 1.000 лица во рамките на една година. Влегувајќи подлабоко во базата разбираме (односно, научниците го разбираат) дека ризикот од смртност на вегетаријанците е 0,88 или околу 12% е помал од оној на месојадци. Оваа асоцијација е особено силна кај мажите, каде што има значително намалена смртност од кардиоваскуларни болести и особено – од исхемична болест на срцето.

На прв поглед овие резултати може и да звучат уверливо, но постојат неколку работи кои треба да бидат земени предвид пред да сме заинтересирани за информацијата. Првото од нив е дека како што се споменува во самото истражување, вегетаријанските групи се подобро образовани (односно, веројатно и нивните приходи се повисоки), поверојатно е да имаат склучен брак, пијат помалку, пушат помалку, се движат повеќе и се послаби.

Другото нешто (што не се споменува во истражувањето) е дека кога еден човек поднесува промена во начинот на исхрана, обично станува многу свесен во однос на производите кои ги „става“ на масата, а и во однос на здравјето. Комбинирано ова со веројатноста за повисоки приходи, најверојатно е дека ќе се добие човек кој се храни доста поквалитетно од просечната статистика.

Со ништо од кажаното тука не би сакале да ги навредиме вегетаријанците, туку само уште еднаш да се обрне внимание дека некои нешта не секогаш се такви какви што изгледаат (или би сакале да изгледаат) на прв поглед. Односно, понекогаш не е потребно да сте научници, лекари, нутриционисти или тренери, за подложените информаци добиени од секојдневието, критично да ги погледнете.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.