Валдес си оди од Барселона

На шпанскиот репрезентативец во текот на следната сезона во јуни ми истекува договорот, а кариерата најверојатно ќе ја настави надвор од Шпанија.
“Моето време за во Барселона е веќе истечено. Клубот ми понуди нов договор, но јас веќе донесов одлука. Потребни ми се нови предизвици, сакам да ја осетам атмосферата во некоја друга лига и со семејството да живеам на некое друго место. И покрај тоа и понатаму ја чуствувам подршката од навивачите, и гледам дека ме ценат“, истакна во своето интервју Валдес.
Валдес во својата досегашна кариера играше само за Барселона, во која дебитираше во сезоната 2002/2003 година.
Валдес за Барселона има одиграно 513 натпревари и има освоено 21 трофеј, и тоа три во Лигата на Шампионите и шест титули првак на Шпанија.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.