Ужасен парадокс на нацистичките методи!

Постои една тажна и страотна аналогија на нашиот режим со логиките на концентрационите логори, нешто што и Македонија на многу начини е.

Не велам логори за сотруење, туку за концентрација, узурпација, потчинување, доминација, места кои те подготвуваат за смртта, но смртта не е нивна примарна цел.
Ете, за да ја поедноставам паралелата со нас, концентрационите логори се местата каде владејат најевидетните контрадикции помеѓу патриотизмот и професионалноста.

Има една фраза, помалку позната од „Arbeit macht Frei“, но уште пострашна. Вели: „Recht oder Unrecht, mein Vaterland“, или во превод: „Без разлика дали сум во право или во грешка, тоа е мојата земја“.
Мислам дека навистина е блиска до актуелното однесување на режимот, кој сака да ни каже дека и правењето грешки, од кои некои се садистички, нехумани, идиотски, искалкулирани, сепак може да се оправда како „патриотска“ доблест.

Колку повеќе ДПМНЕ е сурово и нехумано, колку повеќе не лишува од нашите права и слободи, достоинство и човечност, колку повеќе измислуваат нови методи во тие процеси, толку повеќе се правдаат дека и служат на својата земја и својот народ.

Ете, кај нас, тој ужасен парадокс на нацистичките методи се има материјализирано и допрва ќе ги дава своите плодови, се разбира на нашиот веќе скршен и наведнат грб.

(Текстот е превземен од Фејсбук профилот на авторот)

Leave a Reply

Your email address will not be published.