Уверение

пишува Звонко Каров

Секој збор треба да има тежина, вели еден лесен.

Добар е, не е со сите.

Не сум матен да се правам умен.

Уште си правиме филмови од историјата.

Го цитираат Андриќ, а прашај ги нешто за Давил паѓаат во несвест.

Во градските автобуси редовно има по некој сељак.

Тие што се по природа оптимисти, слаби се по општество.

Во овој мандат ќе го донесиме Жељко Јоксимовиќ 54 пати.

Кога и да сум во Скопје 2014 ми се одзема здивот.

Ако во политиката сите се исти, тогаш се заедно.

Во Кавадарци има најмногу половни возила по глава на жител.

Со Трамп имаме исти погледи за Ана Ивановиќ.

И Маџиров бил за нас, само не сме го прочитале.

Партија те тужи, партија те суди.

Пензионерите барале да им отворат младинско катче.

Ете и на пратениците им дадоа уверение.

Јас сум оптимист, во Македонија ќе се формира влада во 2017 г.

Имаме политичари како некои пеачки. Мора да ги гледаш, слушаш и оро да играш.

Го фалат Глигоров како да бил нивни кандидат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.