ПОТРЕСНО: Девојки од Кавадарци уценувани со сексуални видео снимки!

Две кавадарчанки биле уценувани со компромитирачки видео снимки

„На ден 13.10.2017 година во полициската станица од општа надлежност Кавадарци од страна на две лица е пријавено дека истите се уценувани од непознато лице да му дадат парични средства за да не објави компромитирачки материјали за нив на социјалните мрежи. По брзата акција на вработените од ПС ОН Кавадарци откриено е лицето од триесет години од Кавадарци и истото е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело ‘уцена’“ , вели Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Неофицијални извори велат дека кавадарчанец уценувал две полнолетни девојки да му дадат по илјада и две илјади евра за да не објави на социјалните мрежи компромитирачки материјали поврзани со нив. Девојките пријавиле во полиција. Покренат е случај за основано сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.