Aутизмот не е заразен!

Станува збор за писмо од мајка чија три годишна ќеркичка боледува од аутизам. Оваа мајка на својот блог на интернет решила да напише писмо и да се заблагодари на богатиот бизнисмен (чие име не го знае) кој ја забавувал нејзината ќеркичка во текот на два-и-пол часовниот лет дома. Сопругот и другата пет годишна ќерка седнале на првите седишта додека мајката (Моуланд) со ова аутистично девојче ги земале седиштата зад нив. Таа била нервозна со оглед на состојбата на својата ќерка, нејзиното однесување и расположение вообичаено се менувало од нормално во хистерија за неколку секунди, па затоа некој со трпение и разбирање би бил најдобар сопатник. Писмото вреди да се пренесе во целост

“Драг ‘Taте’ на седиште 16С лет 1850 од Филаделфија,

Не го знам вашето име но мојата ќерка Кејт ве нарекуваше ‘тате’ во текот на целиот лет минатата недела и вие љубезно никогаш не ја поправивте. Всушност, можевте да и објасните дека вие не сте нејзиниот татко. Ако ве нарекува така, тогаш верувајте таа мисли дека сте добар човек.

Ја седнав Кејт на средното седиште знаејќи сосема добро дека до неа ќе седи странец во текот на целиот лет. Морав да донесам брза одлука и врз основа на нејзината опсесија со отворање и затворање на капаците од прозорите мислев дека помалку ќе ги вознемирува другите ако седи во средина. Гледав како целиот кошаркарски тим Temple се качува во авионот и се прашував дали некој од овие џинови ќе седне до неа. Сите се преместија во задниот дел на авионот. Би и се допаднало тоа, ќе направеше некои забелешки со кои јас ќе морав да се справувам но би и се допаднале играчите. Гледав како многу жени на возраст да бидат баби се качија во авионот и се надевав дека една од нив ќе го земе седиштето до Кејт, но тие само одминуваа. За момент помислив дека ќе имаме слободно седиште до нас но тогаш се појавивте вие и седнавте заедно со вашата актовка и вашите важни документи и јас имав визија како Кејт истура вода врз вашите мулти – милионски договори, или пак долгови, или што и да имаше во актовката. Моментот кога седнавте Кејт почна да ја гали вашата рака. Вашето палто беше од нежен, мек материјал и неа и се допадна. Вие се насмеавте и таа рече: ‘Здраво тате, ова е мојата мајка.’

Можеше да ви биде непријатно. Можевте да ја игнорирате. Можевте да ми дадете од оние насмевки кои ги презирам бидејќи велат “контролирајте го вашето дете ве молам.” Вие не направивте ништо од тоа. Започнавте разговор со Кејт и ја прашавте нешто во врска со нејзините желки. Таа и не може да ви одговори но беше толку восхитена од вас што постојано ве гледаше во очи и го насочуваше вниманието на предметите за кои ја прашувавте. Гледав и се насмевнував. Неколку пати љубезно прашав дали ви смета за да пробам да и го одвлечам вниманието и да ве оставам во мир, но вие не сакавте.

Кејт: (забележувајќи го вашиот iPad) Дали е ова пудутерот на тате?
Вие: Ова е мојот iPad. Дали сакаш да го видиш?
Кејт: За мене???? (знам дека помисли дека и нудите да го задржи)
Јас: Гледај добро Кејт. Тоа не е твое.
Кејт: Тоа е убаво!
Вие: (Забележувајќи дека и Кејт има iPAd) Ми се допаѓа твојот компјутер. Има убава розева боја.
Кејт: Тате сака да биде лош? (Се понуди да го сподели со тебе и тоа, мој пријателе, е голем напредок)
Вие: Супер.

Интеракцијата продолжи во тектот на целиот лет и вие никогаш не изгледавте како да ви смета или нервира. Кејт ви даде неколку моменти одмор додека си играше со нејзините кукли Ана и Елса. Убаво од неа што ве поштеди од играње со кукли, но сигурна сум дека и тоа немаше да ви смета. Сигурна сум исто така дека и вие имате ќеркички. 

Кратко пред да слетаме Кејт го достигна својот лимит. Почна да вика дека сака да го тргнеме сигурносниот појас, викаше да ја отвориме вратата од авионот и постојано плачеше. Вие пробавте да и го одвлечете вниманието кон нејзините играчки. Но таа веќе беше во фаза каде нема враќање, но и самиот факт дека се обидовте да му помогнете на вашиот нов мал пријател ми предизвика еден куп емоции. 

Во случај да се прашувате. Таа беше добро истиот момент кога ислеговме од авионот. Благодарам што ни дозволивте да излеземе пред вас. Таа толку беше задоволно што избега од авионот и се што и требаше беше голема, долга прегратка.

Затоа, ви благодарам. Благодарам што не морав да ги повторувам одвратните извинувања кои често морам да ги изговорам во јавност. Благодарам што ја забавувате Кејт толку многу што таа го имаше најуспешниот лет до сега. И благодарам што ги оставивте вашите документи за да си играте со моето девојче. “

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.