Уште еден гаф, кавадаречките ќумбиња ја загадуваат околината

Последен таков гаф, кој предизвика серија хумористични коментари и пародиски натписи по социјалните мрежи е изјавата на еден од менаџерите на Фени Индустри.

На втората јавна расправа која се одржа во просториите од општинската зграда во Кавадарци каде тема беше Фени Индустри, тој изјави дека комбинатот не е тој што го предизвикува загадувањето во и околу тиквешијата.Според него најголем причинител за загадувањето биле кавадаречките чумбиња кои зимно време градот го претворале во гана комора.

Присутните слатко се насмеаја а господинот беше награден со огромен аплауз за неговото “Бени Хил” излагање. За весело расположение ви предлагаме да го изгледате видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published.