Уште два месеци рок остануваат за исплата на К–15

Согласно договорот работодавачите на работниците во стопанството треба да им исплатат К–15 во износ од најмалку 40 % од просечната нето плата во земјата, односно минималниот износ треба да изнесува 8.400 денари.

Право на надомест според општиот колективен договор имаат само оние лица кои се вработени најмалку 6 месеци кај ист работодавец. Доколку не се исплати К–15 правното лице ќе заработи казна од 2.000 – 3.000 евра а одговорноте лице кај работодавецот 500 – 1000 евра.

Работникот на кој нема да му биде исплатен регресот според законот за работни односи има право да поднесе тужба пред надлежниот суд и да побара заштита на правата од колективниот договор. Со оглед на тоа како функционираат голем број од приватните фирми во државата може да се очекува дека во одредени случаи работодавците ќе им исплатат К–15 на работниците но под услов тие пари откако ќе ги подигнат повторно да бидат вратени на работодавецот што како пракса е дсоста актуелно во Македонија.

Синдикатот и Трудовата инспекција се на тест и не треба да дозволат да дојде до ситуација на кршење на работничките права. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.