„Урбан инвест“ ќе го гради плоштадот на ВМРО

Според одлуката објавена на електронскиот систем за јавни набавки, фирмата има рок од една година да го урбанизира просторот во близина на некогашното партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ.urban invest
За изградба на плоштадот беа подигнати 28 тендерски документации, но се пријавија само пет градежни компании. Нивните понуди се движеа меѓу 1,7 и 1,8 милион евра. Конечната, намалена цена беше постигната со електронската аукција.
„Урбан инвест“ треба да го уреди просторот со бел мермер и стилска урбана опрема, а на средина на плоштадот треба да има и фонтана со споменик, иако не се открива чиј споменик ќе зазема централно место на овој плоштад. Во близина, во целосно новоизграден објект, повторно ќе биде сместен централниот партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Извор Порта3

Leave a Reply

Your email address will not be published.