Умберто Еко: Како да го препознаете фашизмот

Година 1942, кога имав десет години, ја освоив првата регионална награда на Ludi Juveniles, доброволен и обврзувачки натпревар за млади италијански фашисти, што треба да значи – за секој млад италијанец. Реторички вешто елаборирав на тема “Треба ли да умреме за слава на Мусолини и бесмртност на Италија”. Одговорив позитивно. Бев паметен дечко.

Поминав две години меѓу фаштистите, SS-овци, републиканци и партизани, сите пукаа едни на други, па научив како да ги избегнувам куршумите. Беше тоа добра вежба.

Во април 1945 година партизаните го освоија Милано. Два дена покасно дојдоа во градчето во кое тогаш живеев. Беше тоа момент на радост. Главниот плоштад беше полн луѓе кои пееа и мавтаа со знамиња, довикувајќи го Мимо, регионалниот партизански лидер. Тој се придружи на приврзаниците на генералот Бадогли, наследникот на Мусолини, и ја изгуби ногата во една од првите битки со преостанатите трупи на Мусолини. Мимо се појави на терасата на градското собрание, блед, потпрен на штака и мавтајќи со раката проба да ја смири насобраната маса луѓе. Јас чекав говор, бидејќи целото мое детство беше означено со големите и историски говори на Мусолини, чии најзабележителни одломки ги учевме на памет во училиште. Тишина. Мимо зборуваше со едвај чуен глас. Рече: “Граѓани, пријатели. После толку болни жртви … тука сме. Слава на оние кои паднаа за таа слобода.” И тоа беше тоа. Се врати внатре. Граѓаните викаа, а партизаните ги подигнаа своите пушки и свечено запукаа. Ние децата побрзавме да ги собереме чаурите, скапоцени работи, но сепак имав време да научам дека слободата на говорот значи ослободување од реториката. 

Неколку дена покасно видов американски војници. Беа тоа Афроамериканци. Првиот Јенки кој го запознав беше црнец. Џозеф, кој ме воведе во светот на лудата на Дик Трејси и Лил Абнер. Неговите јако обоени стрипови мирисаа убаво.

Еден офицер (капетан или мајор Мади) беше гостин во вилата на семејството чија ќерка беше моја школска другарка. Го запознав во нивната градина, каде некои дами, окружувајќи го капетанот Мади, зборуваа заводливо француски. Капетан Мади знаеше по нешто француски исто така. Мојата прва слика за американските ослободители беше – после толку белци во црни кошули – слика на култивиран црн човек во жолто – зелена униформа, кој зборува: “Oui, merci beaucoup, Madame, moi aussi j’aime le champagne…” За жал, немаше шампањ, но од капетан Мади го добив мојот прв Wrigley Spearmint, кој го жвакав по цели денови. Навечер својата гума за жвакање ја ставав во чаша со вода за да утре биде свежа.

ВО МОЈАТА ЗЕМЈА ДЕНЕС ПОСТОЈАТ ОНИЕ КОИ ВЕЛАТ ДЕКА МИТОТ ЗА ОТПОРОТ БИЛ КОМУНИСТИЧКА ЛАГА

Во мај слушнавме дека војната е завршена. Мирот за мене беше интересна сензација. Ми беше речено дека перманентото војување е природна состојба за еден млад италијанец. Во наредните месеци открив дека Отпорот не бил само локален туку и европски феномен. Научив нови, интересни зборови како: réseau, maquis, armée secrete, Rote Kapelle, варшавско гето. Ги видов првите фотографии од холокаустот, иако значењето го разбрав пред и да го научам самиот збор. Сфатив од што бевме ослободени.

Во мојата земја и денес постојат луѓе кои се прашуваат дали Движењето на отпорот воопшто имало реално воено влијание на текот и резултатот на војната. За мојата генераиција ова прашање е ирелевантно: ние непосредно го разбравме моралот и психолошкото значење на Отпорот. За нас предмет на гордост беше да се знае дека ние Европјаните не чекавме пасивно на ослободување. А за младите Американци кои со своја крв ја плаќаа нашата слобода сепак нешто значеше да се знае дека таму зад линиите на фронтот биле некои Европјани кои однапред го отплатувале својот долг. 

Во мојата земја и денес постојат оние кои велат дека митот за Отпорот бил комунистичка лага. Вистината е дека комунистите Отпорот го експлоатираа како да е нивна лична сопственост, бидејќи играа главна улога во него, но јас се сеќавам и на партизаните со марами во различни бои. Многу ноќи поминав припени до радиото и ги слушав пораките за партизаните испраќани преку Voice of London. Беа тоа истовремено шифрирани и поетични пораки (The sun also rises, The roses will bloom) а голем дел од нив беа “messaggi per la Franchi. Некој ми дошепна дека Frenchi, човек со легендарна храброст, бил лидер на најјаката илегална мрежа во северозападна Италија. Frenchi стана мој херој. Frenchi (чие вистинско име беше Едгардо Согно) беше монархист и таков антикомунист што веднаш после војната се приклучи на ултрадесничарките групи, а потоа беше обвинет за колаборација во проектот на реакционарниот државен удар. Кому му е грижа? Согно и понатаму е бајковит херој од моето детство. Ослободувањето беше заеднички чин на луѓето со различни бои.

Во мојата земја денес постојат оние кои велат дека ослободителната војна била трагично време на поделба и дека се што ни треба е национално помирување. Памтењето на тие страшни години би требало да биде потиснато, refoulee, verdrangt. Но тоа предизвикува нервоза. Ако помирувањето значи соочување и почитување за сите оние кои ги водеа своите војни со добри намери, тогаш простувањето не подразбира и заборавање. Можам дури и да признаам дека Еичман искрено веруваше во својата мисија, но не можам да речам: “Океј, врати се и направи го тоа пак”. Тука сме да се потсетиме што се случило и свечено да кажеме дека “Тие” тоа не смеат пак да го направат.

НО КОИ СЕ “ТИЕ”?

Ако се уште мислиме на тоталитаристичките влади кои владееа во Европа пред Втората светска војна, тогаш е лесно да речеме дека тие не можат повторно да се јават во ист облик во поинакви историски околности. Ако фашизмот на Мусолини бил засонван на идеата за харизматичен лидер, на корпоративизмот, на утопијата за империјална судбина на Рим, на империјалистичката волја за освојување нови територии, на разјарениот национализам, на идеалот цела нација униформирана во црни кошули, на отфрлување на парламентарната демократија, на антисемитизмот… тогаш без никакви тешкотии можам да потврдам дека денешната италијанска Национална Алијанса, се родила од пост – воената фашистичка партија МСИ, а сегашната десничарска политичка партија, има, за сега, едвај малку сличности со стариот фашизам. На иста линија, иако сум загрижен поради разните нациоидни движења кои се јавуваат во Европа, вклучително и Русија, не мислам дека нацизмот во својот оригинален облик ќе се појави одново како сенародно движење. 

Меѓутоа, иако политичките режими можат да бидат срушени, иако идеологиите можат да се критизираат и може да се одрекуваме од нив, сепак зад режимот и неговата идеологија секогаш постои начин на мислење и чувствување, мешавина од културни навики, прикриени инстинкти и неочекувани нагони. Постои ли уште некој друг дух кој се прикрадува во Европа (за другите делови на светото и да не зборувам)?

Јонеско еднаш рече – се сметаат само зборовите, се останато е само брборење. Лингвистичките навики често се битни симптоми на длабоките чувства. Во контекст на тоа, вреди да се запрашаме зошто не само Отпорот туку и целата Втора светска војна генерално, беа дефинирани како борба против фашизмот. Ако повторно го прочитате романот на Хемингвеј “За кого бијат камбаните”, ќе забележите дека Роберт Џордан својот непријател го именува како “фашисти” дури и тогаш кога мисли на шпанските фалангисти. А Рузвелт рекол: “Победата на американскит народ и неговите сојузници ќе биде победа над фашзимот и мртвата рака на деспотизмот кој го претставува”.

MEIN KAMPF Е МАНИФЕСТ НА КОМПЛЕТНАТА ПОЛИТИЧА ПРОГРАМА

Во текот на Втората светска војна, Американците кои заминувале во шанската граѓанска војна ги нарекувале “предвремени антифашисти”, што значи дека борбата против Хитлер во 40-тите години била морална должност за секој Американец, а борбата против Франко, малку порано, во 30-тите години, од друга страна, смрдела, бидејќи главно ја воделе комунистите и други левичари … Зошто американските радикали триесет години покасно го користеле изразот фашистичка свиња зборувајќи за полицаецот кој не ги одобрува нивните навики за пушење? Зошто не викаа фалангистичка свиња или усташка свиња или нацистичка свиња?

Mein Kampf е манифест за комплетната политичка програма. Нацизмот содржел расистичка теорија за избраноста на аријевската раса, прецизни описи на дегенерираната уметност, филозофијата на волјата за моќ и филозофијата Übermenscha (филозофијата за Надчовекот). Нацизмот беше конкретно антихристијански и неопаганистички, додека Сталиновиот Диамат (официјалната верзија на советскиот арксизам) беше вулгарно материјалистички и атеистички. Ако под тоталитаризам се подразбира секој режим кој секој чин на поединецот и поединецот сам по себе го подредува на државата и нејзината идеологија, тогаш и нацизмот и сталинизмот биле вистински тоталитаристички режими.

Италијанскиот фашизам со сигурност беше диктатура, но не беше во целост тоталитаризам, не поради својата благост, туку поради филозофската слабост на својата идеологија. Спротивно од врежаното мислење, италијанскиот фашизам немаше посебна филозофија. Документот за фашизмот кој го потпишал Мусолини, а кој бил објавен во енциклопедијата Treccani, во основа е инспириран од Џовани Гентилеем и рефлектира доцнежно-хегелско разгледување за апсолутна и етичка држава, што Муосолини никогаш не реализира. Мусолини немаше никаква филозофија; имаше само реторика. На почетокот беше милитантен атеист, а подоцна сепак потпиша конвенција со Црквата и ги толерираше бискупите кои ги благословуваа фашистичките знамиња. Во своите рани антиклерикални години, во некој говор кој по се судејќи е само легенда, еднаш побарал од Бог да го удри директно во лице, доколку постои. Подоцна Мусолини често го спомнувал името Господово во говорите и не му сметало да го нарекуваат Провидение.

ФАШИЗМОТ БЕШЕ ГРУБ И ЗБРКАН ТОТАЛИТАРИЗАМ, КОЛАЖ НА РАЗЛИЧНИ ФАШИСТИЧКИ ФИЛОЗОФКСИ И ПОЛИТИЧКИ ИДЕИ, КОШНИЦА НА РАЗЛИКИ

Италијанскиот фашизам беше првата десничарска диктатура која завладеа еднаш во европска земја, а сите подоцнежни слични движења пронаоѓаа некој вид архитип во режимот на Мусолини. Италијанскиот фашизам прв ги вметна воената литургија и фолклор, па дури и начинот на облекување со своите црни кошули, далеку повлијателни од оние на Армани, Бенетон и Версаче. Баш во триесетите години се појавија фашистичките режими, во Велика Британија, па Латвија, Естонија, Литванија, Полска, Унгарија, Романија, Бугарија, Грција, Југославија, Шпанија, Португалија, Норвепка па дури и Јужна Америка. Баш италијанскиот фашизам ги увери голем дел од европските либерални лидери дека новиот режим носи интересни социјални реформи и дека осигурува згодна револуционарна алтернатива на комунистичките закани.

Сепак, историското право не ми се чини како доволен аргумент за да објаснам зошто зборот фашизам станал синегдоха, односно збор кој се употребува за различни тоталитаристички движења. Сигурно не поради тоа што фашизмот можеби ги содржел, во својата квинтесенцијална состојба, сите елементи на било кој подоцнежен облик на тоталитаризам. Напротив, фашизмот немал квинтесенција. Фашизмот бил груб и збркан тоталитаризам, колаж од различни филозофски и политички идеи, кошница од разлики. Дали е можно да се дефинира вистинскиот тоталитаризам кој бил во состојба да ги комбинира монархијата и револуцијата, Кралската војска и милицијата на Мусолини, давањето привилегии на Црквата со државното образование кое го славело насилството, апсолутната државна контрола со слободниот пазар? Фашистичката партија се родила фалејќи се дека донела револуцинерно нов поредок, а ја финасирале најконтраверзните земјопоседници кои од неа очекувале да биде контрареволуционерна. Во почетокот фашзимот бил републикански, а сепак преживеал дваесет години јавно искажувајќи ја својата лојалност на кралското семејство, одека Дуче одел рака под рака со Кралот, на кој дури и му нудел титула на цар. Но кога кралот го отпуштил Мусолини во 1943 година, партијата повторно се појавила два месеца покасно, со подршка на Германија, со барање за “социјална” република, рециклирајќи ја својата стара револуционерна скрипта, збогатена со скоро јакобински надтонови. 

Постоеше само една единствена нацистичка архитектура и нацистичка уметност. Ако нацистички архитект беше Алберт Спиер, тогаш немаше место за Миес ван дер Рохе. Исто така, под Сталинова власт, ако е прифатен Ламарк, тогаш немало место за Дарвин. во Италија постоеа фашистички архитекти, но веднаш до нивниот псевдоколосеум стоеле градбите инспирирани од модерниот рационализам на Гропиус.

ЈА ПОДРЖУВАА ИДЕАТА НА УЧЕСТВО НА ИТАЛИЈА ВО ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА ОД ЕСТЕТСКА ПРИЧИНА

Немаше фашистички лидер кој би дал јасен и стриктен културен правец. Во Италија тогаш постоеа две важни уметнички награди. Наградата Premio Cermonu ја контролираше фанатичниот фашист Роберто Фариначи, кој подржуваше уметност како пропаганда. (Можам да се сетам на сликите како што се “Слушање на говорот на Дуче на радио” и “Состојба на свеста создадена од фашизмот”). Наградата Premio Bergamo ја спонзорираше културниот и разумен фашист Џузепе Ботаи кој го штитеше концептот на уметноста поради самата уметност, но и многу авангардни концепти кои во Германија биле прогласени за изопачени и криптокомунистички.

Национален поет беше Д’Анунзио, боем кој во германија или Русија би го пратиле пред одред за стрелање. Титулата ја носеше поради својот национализам и култот на херојство, кој всушност бил измислен со влијание на француската декаденција.

Да го земеме футуризмот. Лесно може да се каже дека и тој е една состојба на дегенерирана уметност, како што биле експресионизмот, кубизмот и надреализмот. Но раните италијански футуристи биле националисти, ја подржувале идеата за учество на Италија во Првата светска војна од естетски причини; ја славеле брзината, насилството о предизвикот, а сето тоа лесно се поврзува со фашистичкиот култ на младоста. Додека фашизмот се самоидентифицирал со Римското царство и одново откриените рурални традиции, Маринети (кој тврдеше дека автомобилот е поубав од Nike, па дури сакаше да ја убие и месечината) е прогласен во меѓувреме за член на Италијанската академија, во која на месчината се гледало со огромен почит.

Голем дел од идните партизани и идни интелектуалци во Комунистичката партија се образувале на ГУФ, фашистичка организација на студенти, која била колевка на новата фашистичка култура. Овие клубови биле еден вид лонци кои вријат во кои циркулирале нови идеи без никаква вистинска идеолошка контрола. Тоа не значи, сепак, дека партиските луѓе биле толерирани според радикалното мислење, но некои од нив сепак не користеле средства за контрола. 

ФИЛОЗОФСКИ ФАШИЗАМ, ВСУШНОСТ, НЕ ПОСТОЕШЕ

Во текот на овие дваесет години, поезијата на Монтале и другите поети собрани околу групата “Ermetici” беше, всушност, реакција на бомбастичниот стил на режимот, а на овие поети им било дозволено да развиваат свој литературент протест од своите, како што тогаш биле согледани, белокосни кули. Расположението на поезијата на оваа група било целосно спротивно на хероизмот и оптимизот на режимот. Режимот го толерирал нивното несомнено, иако душевно невидливо, десидентство, бидејќи фашистите едноставно не обрнувале внимание на таквите херметички јазици.

Сето ова не значи дека италијанскиот режим бил толерантен. Грамсци бил држен во затвор се до смртта, опозиционите лидери Џакомо Матеоти и браќата Росели биле убиени, била укината слободата на печатот, распуштени се синдикатите, а политичките десиденти се праќани на далечни острови. Законодавната власт била прилично фикциона, при што извршната власт, која ја превзела и власта на правосудството, сама носела нови закони, меѓу кои и оние за заштита на расата (самиот гест е италијанска подршка на она што станало холокауст).

Контрадикторната слика која ја опишувам не е резултат на толеранција, туку политичка и идеолошка неурамнотеженост и дисперзија. Но, треба да се нагласи, тоа било ригидна дисперзија, структурирана конфузија. Филозофска фашизам, всушност, не постоеше, но емоционално бил цврсто приврзан за некоја архитипска подлога.

Така стигнуваме до втората важна точка. Не постоело само еден нацизам. Не можеме Франковиот хиперкатолички фалангизам да го означеме како нацизам, бидејќи нацизмот е во суштина пагански, политеистички и антихристијански. Но фашистичката игра може да се игра на многу начини, а името на играта не се менува. Поимот фашизам овде не е ништо поинаков од Витгенстеновиот поим за игра. Играта може да биде натпреварувачка или не, може да бара некои посебни вештини или не, може да подразбира пари, но и не мора. Игрите се различни активности кои покажуваат една иста “фамилијарна сличност”, како што вели Витенстеин.

Да ја земеме следнава секвенца:

1 2 3 4
abc bcd cde def
Да ја замислиме низата од политички групи во која првата група ја карактеризира елементот “abc”, втората група “bcd” третата “cde” и така натаму. Првата и втората група се слични, бидејќи имаат два заеднички елементи; на иста основа се слични и втората и третата група. Да обрнеме внимание на тоа дека третата група е слична со првата, бидејќи имаат “c” како заеднички елемент. Но, најинтересна со сигурност е четвртата група, која е слична со втората и третата, но нема ништо заедничко со првата група. Сепак, благодарение на непрекинатата низа со опаѓачки сличности од првата до четвртата група, останува, како некој вид илузиона транзитивност, фамилијарната сличност помеѓу првата и четвртата група.

Фашизмот стана сенаменски поим, бидејќи од фашистичиот режим може да се отстранат еден или повеќе елементи, но тој и понатаму ќе биде препознатлив како фашизам. Одземете го империјализмот од фашизмот и пак ќе ги имате Франко и Салазар. Одземете го колонијализмот, пак ќе имате балкански фашизам на усташите. На италијанскиот фашизам додадете му радикален антикапитализам (кој Мусолини никогаш не го импресионирал) и ќе го добиете Езра Понд. Додајте го култот на келтската митологија и мистицизмот на Светиот Грал (кој е сосема непознат за службениот фашизам) и ќе добиете еден од најценетите гуруа на фашизмот – Џулиус Евол.

Но и покрај целата ова збрка, сепак мислам дека е можно да се скицираат листа на елементи типични за она што го нарекувам ур – фашизам или вечен фапизам. Овие елементи не можат да состават систем, многу од нив се меѓусебно контрадикторни и типични се за многу други видови на деспотизам или фанатизам. Но, доволно е еден од нив за да отвори простор на фашизмот кој ќе се собере околу него.

1. Култот на традиција

Првиот елемент на ур – фашизмот е култот на траиција. Традиционализмот е, секако, многу постар од фашизмот. Не е тој типичен само за контрареволуционерната католичка мисла после Француската револуција, туку е роден во доцниот хеленистички период како реакција на класичниот грчки рационализам. Во Медитеранското подрачје народите од реазлични религии (од кој мнозинството го прифатиле римскиот Пантеон) почнале да сонуваат за открититето испратено во зорите на човековата историја. Ова откритие, според традиционалистичката мистика, долго било скриено под велот на заборавените јазици: во египетските хироглифи, во келтските руни, во свитоците на малку познатите религии од Азија.

Таа нова култура би требало да биде синкретичка. Синкретизмот не е, како што тврди речникот, само “комбинација од различни облици на верувања и пракси”, бидејќи таквата комбинација мора да толерира одредени контрадикции. Секоја изворна порака носи зрак на мудрост, и кога се чини дека секоја од нив зборува поинакви и неповрзани работи, тоа само се чини, бидејќи секоја од нив алудира, алегорички, на една те иста исконска вистина.

Последицата од тоа е дека учењето не носи никаква корист. Вистината е изречена еднаш за секогаш, а ние само можеме да ја интерпретираме нејзината прикриена и несфатлива порака.

Доволно е само да се огледне програмата на било кое фашистичко движење за да се пронајдат главните фашистички мислители. Нацистичкото сознавање е хрането со традиционалистички, синкретистички, окултни елементи. Највлијателниот теоретичар на современата италијанска десница, Џулиус Евола, го споил Светиот Грал со Протоколите на Сионските мудреци, алхемијата со светото Римско и Германско царство. Факт е дека современата италијанска десница, со цел да ја покаже својата отвореност, неодамна ја прошири својата програма вклучувајќи трудови и идеи на Де Маистре, Џенон и Грамсци, што е чист доказ за синкретизмот.

Ако во американските книжари ги истражувате полиците кои се означени како “New Age”, таму ќе го најдете дури и Свети Августин, кој, колку што знам, не бил фашист. Но, комбинирањето на Свети Августин и Стоунхенџ – тоа е сипмптом на ур – фашизам.

2. Отфрлање на модернизмот

Традиционализмот подразбира отфрлање на модернизмот. И фашистите и нацистите ја обожавале технологијата, додека традиционалистите обично ја отфрлувале како негација на традиционалните вредности, меѓутоа, иако нацизмот бил горд на своите индустриски достигнувања, неговата пофалба на модернизмот била само површина на идеологијата заснована на крв и тло. Отфрлањето на модерниот свет било маскирано со одбивање на капиталистичкиот начин на живот, но во суштина подразбирало отфрлање на Духот 1789 (и 1776 секако). Просветителството, односно Временот на разум, се гледа како почеток на модерната изопаченост. Во својата суштина ур – фашизмот може да се дефинира како иационализам.

3. Ирационализам

Ирационализмот, исто така опстојува врз култот на чин поради чинот самиот за себе. Чинот сам по себе мора да биде превземен пред или без било какво размислување. Мислењето е еден вид кастрираност. Така културата станува сомнителна откако ќе се поистовети со критичките ставови. Недовербата према интелектуалните свет секогаш била симптом за ур – фашизмот, од наводната Георингова изјава: “Кога ќе го слушнам зборот култура, се фаќам за пиштолот”, до зачестените изрази како “дегенерирани интелектуалци”, “јалови снобови” или “факултетите се легла на црвените”. Служебните фашистички интелектуалци главно биле задолжени за напади на модерната култура и либералната интелегенција која, наводно, ги предадила интелектуалните вредности. 

4. Несогласувањето како предавство

Ниту едно синкретичко верување не може да поднесе аналитичка критика. Критичкиот дух изведува разлики, а согледувањето на разликите е знак на модернизмот. Во модерната култура научната заедница го цени несогласувањето како начин на унапредување на знаењето. За ур – фашизмот несогласувањето е предавство.

5. Страв од разлики

Понатаму, несогласувањето е знак на разноликост. Ур – фашизмот ја зајакнува и придобива подршката со тоа што го искористува и раширува природниот страв од разлики. Првиот знак за едно фашистичко или предфашистичко движење е баш стравот од новодојдени. Ур – фашизмот според тоа, по дефиниција, е расистички.

6. Индивидуална или социјална фрустрација

Фашизмот потекнува од индивидуалната или социјалната фрустрација. Затоа еден од типичините елементи на историскиот фашизам бил повикот на фрустрираната средна класа, класа која трпела економска криза или страдала од чувството на политичко понижување, заплашена од притисокот на пониските социјални групи. Во наше време, кога старите пролетери станаа малограѓани , фашизмот на иднината својата публика ќе ја пронајде во ова ново мнозинство.

7. Опсесија од завера

На луѓето кои имаат чувство дека им е одземен нивниот социјален идентитет, ур – фашизмот како единствена привилегија им го доделува фактот дека се родени во иста земја. Ова е коренот на национализмот. Освен тоа, единствени кои на народот може да му го вратат идентитетот се неговите пријатели. Така во корените на ур – фашистичката психологија лежи оспесијата од завера, по можност меѓународна. Следбениците мора да се чувствуваат опколени. Најлесен начин за решавање на проблемот на завера е повикот кон ксенофобија. Но, зеврата исто така мора да доаѓа и од внатре: евреите главно се најдобра мета, бидејќи имаат предност што истовремено се и внатре и надвор. Во САД најочигледната појава на опсесија од завера ќе ја најдеме во Новиот светски поредок на Пат Робинсон, но, како што веќе видовме, има и многу други.

8. Чувството на пониженост поради моќта на непријателот

Следбениците мора да се чувствуваат понижени поради очигледното богатство и моќта на своите непријатели. Додека бев дете, ме наулија дека Англичаните треба да ги гледам како народ со пет оброци дневно. Евреите се богати и едни на други си помагаат низ мрежата на взаемна подршка. Следбениците, меѓутоа, мора да бидат уверени дека можат да го совладаат непријателот. Се непрестано менување на реторичкиот фокус непријателите се во еден момент слаби, во друг јаки. Фашистичките влади се осудени на воени порази, бидејќи се уставно неспособни точно да ја проценат силата на непријателот. 

9. Животот е постојано војување

Во ур – фашизмот нема борба за живот туку се живее за да се војува. Оттука пацифизмот е трговија со непријателот. Пацифизмот е лош, бидејќи животот е постојана броба. Ова, меѓутоа, доведува до комплексот на Армагедон. Ако непријателите морааат да бидат поразени, тогаш мора да постои и последна битка, по која движењето ќе има целосна контрола над светот. Но, такво “конечно решение” подразбира некој подолг перид на мир, Златно време, што е спротивно на принципот на постојано војување. Ниту еден фашистички лидер не успеал да го реши овој проблем. 

10. Презир кон послабиот

Елитизмот, кој во основа е аристократски, е типичен аспект на секоја реакционарна идеологија, а аристократскиот и милитаристичкиот елитизам по квр подразбираат презир кон послабиот. Ур – фашизмот може да пропагира само чист елитизам. Секој граѓанин може (или би морал) да пристапи кон партијата. Но лидери не можат да постојат без потчинети. Всушност, Лидерот, кој знае дека неговата моќ не му е дадена демократски туку е земена на сила, исто така знае и дека неговата сила е заснована врз слабоста на масата, која е толку слаба што заслужува господар. Бидејќи групата е хиерархиски организирана (според воен модел), секој од подредените лидери ги презира своите потчинети, а секој од нив, понатаму, ги презира оние кои му се нему потчинети. Баш тоа ја зајакнува свеста за масовниот елитизам.

11. Култот на хероизам и херојска смрт

Во таква перспектива секој се стреми да стане херој. Во секоја митологија хројот е неверојатно суштество а во ур – фашизмот херојството се поставува како норма. Овој култ на хероизам е тесно поврзан со култот на смрт. Не случајно паролата на фалангистите била Viva la Muerte (да живее смртта). Во нефашистичките општества, на широката јавност и се зборува дека смртта е непријатна, но дека со неа мора да се соочиме достоинствено, а на верниците им се вели дека смртта е болен начин на достигнување на надземска среќа. Спротивно од тоа, ур – фашистичкиот херој се стреми кон херојска смрт, која се рекламира како најдобра награда за херојскиот живот. Ур – фашистичкиот херој нестрпливо ја чека смртта. Во својата нестрпливост често испраќа други во смрт.

12. Мачоизам

Бидејќи и постојаната војна и хероизмот се тешки игри, ур – фашистот својата желба за моќ ја пренесува на сексуално ниво. Ова е извор на мачоизмот, кој подразбира и презир према жените и осуда на невообичаените сексуални навики, од невиност до хомосексуалност. Бидејќи дури и сексот е тешка игра, ур – фашистичкиот херој повеќе сака да си игра со оружје, што е сурогат на неправилното практицирање.

13. Селективен / квалитативен популизам

Ур – фашизмот е заснован на селективен популизам, на еден, тљаканречен, квалитативен популизам. Во демократија граѓаните имаат индивидуални права, но граѓаните во целина имаат политичко влијание само од количински аспект, бидејќи поединецот мора да се покори на одлуката на мнозинството. За ур – фашизмот индивидуите како индивидуи немаат права, а Нродот се сфаќа како квалитет, како монолитен ентитет кој ја изразува Заедничката Волја. Бидејќи ниту една голема количина на човекови битија неможе да има заедничка волја, Лидерот се појавува како нивен толкувач. Губејќи ја моќта на демократско делегирање, граѓаните не делуваат туку од ни се бара да ја играат улогата на Народ. Баш поради тоа народот не е ништо друго туку театрална измислица. Како добар пример за квалитативен популизам не мораме да ја земаме Piazza Venezia во Рим или Нурнбершкиот стадион, бидејќи во иднина не чека еден вид ТВ- популизам или интернетски популизам во кој емоционалната реакција на одредени одбрани групи ќе биде претставена и прифатена како глас на Народот. 

Поради својот квалитативен популизам ур – фашизмот мора да се спротивстави на “трулите” парламентарни власти. Една од првите реченици на Мусолини во италијанскиот парламент гласела: “Би можел ова глуво о жалосно место да го претворам во камп за моите манипули”. (Манипули се воени единици во римските легии) Веднаш нашол подобро место за своите манипули, но малку подоцна сепак го уништил Парламентот. Каде и да искажува политичарот сомнеж во легитимноста на парламентот бидејќи, божем, повеќе не го претсавува гласот на Народот, тука може да сенамириса ур – фашизмот. 

14. Ур – фашизмот зборува на новоговор

Новоговорот го измислил Орвел во 1984 година, како службен јазик на англискиот социјализам. Но, елементите на ур – фашизмот се заеднички со различните облици на диктатура. Сите нацистички или фашистички учебници се служеле со осиромашен вокабулар и елементарна синтакса, со цел да ги ограничат средствата за комплексно и критичко размислување. Мораме да бидеме спремни да ги препознаеме новите форми на новоговор, дури и кога се појавуваат во потполно невин облик на некое talk show.


Ур – фашизмот е сеуште околу нас, често неуниформиран и облечен секојдневно

Утрото на 27.07.1943 година преку радио дознав дека паднал фашзимот и дека Мусолини е уапсен. Кога мајка ми ме испрати да купам весник, открив на најблискиот киоск дека весниците имаат различни наслови. Откако ги прегледав сите наслови сфатив дека во секој весник пишува нешто друго. Купив еден, на слепо, и на првата страна видов проглас кој го потпишале пет – шест политички партии, меѓу кои и Комунистичката партија, Социјалистичката партија и Либералната партија. 

До тогаш верував дека во секоја земја постои една партија, а дека во италија таа се вика Национална Фашистичка Партија. Сега откривав дека во мојата земја може истовремно да постојат неколку партии. Бидејќи бев бистро момче сфатив дека тие не можеле преку ноќ да се појават и дека сигурно некое време делувале илегално. 

Пораката на насловната страница славела крај на диктатурата и враќање на слободата: слободата на говорот, слободата на печатот о слободата на политичките организации. “Слобода”, “диктатура”, “права” … тогаш прв пат слушнав за тие зборови. Повторно, со тие зборови, се родив како слободен човек на Западот.

Мораме да внимаваме смислата на овие зборови никогаш повторно да не биде заборавена. Ур – фашизмот е сеуште околу нас, често неуниформиран и облечен секојдневно. Полесно би ни било кога денес би се појавил некој кој јавно би рекол “Сакам повторно да го отворам Аушвиц”, “Сакам во Италија повторно да парадираат црни кошули”, но животот не е така едноставен. Ур – фашизмот може да се врати под најневини маски.

Наша должност е да го разоткриеме и да покажеме со прст на секој негов пример, секој ден, на секое место на светот. Слободата и ослободувањето се задачи на кои никогаш им нема крај. 

 

 

Извор: index.hr

Превод: Попова

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.