До членовите на ДПМНЕ од Кавадарци а и пошироко: УЧК ја води Македонија!

УЧК ја води владата на Република Македонија, УЧК го води собранието на Република Македонија

Емисијата “Топ Тема” на телевизија Телма даде многу одговори на многу прашања околу македонскиот патриотизам. Имено во еден дијалог меѓу гостите генералот Стојанче Ангелов го прашува Артан Груби од ДУИ дали знае дека токму раководството на УЧК непотребно предизвика крвопролевање во Македонија кое покрај човечките загуби од двете страни предизвика и огромна материјална штета на Македонија.

Груби беше дециден и отворен во своето излагање кое изненади голем дел од македонската јавност, посебно оние кои се темелно неинформирани.

УЧК ја води владата на Република Македонија, УЧК го води собранието на Република Македонија, УЧК ги води општините во Република Македонија. Значи, команданти кои војувале во 2001 година денес ја водат Република Македонија и тоа на најдобар можен начин.Артан Груби

Генералот Ангелов на социјалните мрежи преку нековиот фејсбук профил повика уште еднаш гласачите на ДПМНЕ да се запрашаат за кого ќе го дадат својот глас на 11-ти декември.

Како може некој кој себеси се смета за патриот да гласа за ВМРО-ДПМНЕ после ОТВОРЕНОТО ПРИЗНАНИЕ на Артан Груби од ДУИ за лажниот патриотизам на Никола Груевски? Ислушајте го внимателно ова кратко видео. Слушнете го двапати. Ако треба пуштете го и трипати и размислете на кого ќе го дадете својот глас. Молам шерувајте…Стојанче Ангелов

Leave a Reply

Your email address will not be published.