Учк ја презеде одговорноста за промашувањето на владата!

Учк ја презеде одговорноста за велигденското гранатирање на зградата во која заседава групата што тврди дека е влада на Бившата југословенска република Македонија!

 

Јас мислам дека би требало да ја преземат одговорноста за промашувањето на белата куќа, а не за гранатирањето!
Ех, бе, учки, цело Скопје трепереше пред најавите на вашите офанзиви во 2001 година, пола од населението беше принудено да се самоевакуира на Халкидики и принудно да се капе во Мераморфозис, малата провинциска метрополичка беше, благодарение на вашето значење, претворена во балканска Казабланка, а сега не можете една зградурина да погодите од најобична мочна дистанца! Па уште се фалите! Сте се олабави ле, бе!

Можеби не е се така без смисла како што се чини на прв поглед ако претпоставиме дека водени од високата еколошка свеста, вие намерно не сте сакале да ја треснете бомбата во ќупот со гомната! Ако е така- ви симнувам капа! Затоа ве повикувам следниот пат да дојдете со канализациски камион со кој ќе го исчистите ќупот и ќе ни го оставите да со го дотераме!

Leave a Reply

Your email address will not be published.