Убава фотографија и кога се сликате сами

Денес речиси секој на мобилниот телефон има добра камера, па фотографирањето стана глобално хоби. А како да се увежбате во фотографирање ако не со сликање автопортрет.
Најџел Баркер еден од најпознати модни фотографи откри неколку трикови како секогаш добро да излезете кога сами себе се фотографирате.
Откако работел со Џорџо Аманиј, Валентино и Ралф Лорен, Најџел Баркер секако има што да ги посоветува сите оние кои сакаат да се сликаат во најдобро светло и да ја поделат својата фотографија со пријателите на интернет.
1. Камерата мора да биде во стабилна положба:
– Предлагам камерата да ја ставите на нешто, вели Баркер. Јас дури ги вадам чевлите па го ставам телефонот на петтата, која е рамна и добро ја потпира камерата.
2. Бидете самоуверени и опуштени:
– Кога некој е самоуверен, среќен и опуштен тоа веднаш се забележува, рече фотографот. Бидете опуштени и расположени и на секоја слика ќе излезете добро.
3. Замислете дека јадете нешто вкусно:
Баркер објаснува дека изразот на лицето се менува кога размислуваме за нешто и на тој начин се постигнува спонтаност кое леќата на камерата знае да го цени.
– За момент замислете дека имате парче преубаво чоколадо во устата. Вашите очи ќе почнат да се смеат и …клик!
4. Ослободете се од подбрадокот
Непосредно пред фотографирање добро е неколку секунди да ја подигнете главата и гледате во таванот.
– На овој начин ќе се затегнат мускулите на вашиот врат и нема да имате проблем со подбрадокот. Сега само спуштете ја главата преку рамената и погледнете во камерата, објасни Баркер.
5. Немојте да ја држите камера над главата:
Од птичја перспектива ќе изгледате помали отколку што сте па одбегнувајте го овој агол на сликање.
6. Жени: немојте да ги прекрстувате рацете:
– Додека мажите со прекрстени раце ги прави мускулите да изгледаат поголеми, кај жените широките рамена не се сметаат за посакувани, рече Бракер и додава дека посакувана поза е со рака на колкот.

7. Немојте да правите „фаца на патка“:
– Луѓето ги вовлекуваат образите и откако ќе ги видат сликите сфаќаат дека не изгледаат како треба, рече Најџел. Никако не треба да се вовлекуваат образите и да правите т.н. „фаца на патка“.
8. Немојте да позирате:
– Позирање е најлошата работа, рече фотографот. Секој може да заземе поза, а вистинска работа да се сликате себе си онакви какви што сте, заклучи Баркер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.