БиХ: Уапсени шест лица поради приклучување на Исламската држава

Овие лица се уапсени во Уншко-санскиот кантон, Маглаја и кантонот Сараево и се припадници на радикалниот исламистички проект.
Осомничени се за кивично дело финансирање на терористичките активности, организирање на терористички групи, формирање и придружување на паравоените или параполициските формации.
Уапсени се по налог на обвинител од специјалното одделение за организиран криминал, економски криминал и корупција, а акцијата ја извеле припадниците од Агенцијата за истрага и заштита на БиХ и граничната полиција, во соработка со разузнавачките и безбедносните служби.
Некои од нив се лишени од слобода на граничниот премин на Уншко-санскиот кантон, а меѓу нив се и лицата за кои постојат докази дека се организатори за незаконско напуштање на БиХ и одење во Сирија.
Од обвинителството на БиХ е соопштено дека за сега неможат да дадат повеќе информации и детали за оваа апсење.

Leave a Reply

Your email address will not be published.