ФК Турново со нерешен резултат на гостувањето

Во составот на фудбалскиот клуб Турново игра и нашиот кавадарчанец, Александар (Брзи) Вареловски.

Минатата сезона фудбалскиот тим на турново, сезоната ја заврши на третата позиција во македонската најелитна фудбалска лига. Овој пласман ги пласира фудбалскиот клуб Турново во Лига Европа, каде што го одиграа првиот натпревар против во Литви против Судува, во натпревар кој заврши со резултат (2:2).


Фудбалскиот клуб Турново овој резултат го постигнаа на гости, со што ги зголемија шансите за понатамошен пласман во Лига Европа. Доколку на домашен терен освојата поволен резултат следен противник ќе биде хрватски Хајдук.
На ова претседателот на фудбалскиот клуб Турново, изјавува дека токму фудбалскиот клуб на Хајдук е тимот за кој тој навивал во неговото детство.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.