Традиционален 11-ти турнир во street ball на “КК СПОРТИСИМО”
Кошаркарскиот клуб “Спортисимо” од Кавадарци со турнир ја заокружи изминатата сезона
Минатиот петок (02 јуни) се оддржа традиционалниот 11-ти турнир во street ball во организација на кошаркарскиот клуб “КК СПОРТИСИМО” од Кавадарци.
На овој турнир учествуваа околу 70 дечиња поделени во 3 категории. Во најмалата група победник беше екипата на “Миленка Фруит” за која настапуваа Даница, Драгана и Дарија. Во средната категорија до 11 години шампион на турнирот е екипата составена од Кико, Матеј и Љупче. Победник во највозрасната категорија до 15 години е екипата на “Делта Метал” каде учество зедоа Благоја, Синиша и Милан.
За најдобрите екипи кои учествуваа во финалето беа поделени медали.
Од клубот се максимално задоволни од се поголемиот број на деца кои ја посетуваат нивната школа. Очекуваат интензитетот дополнително да се зголеми веќе од септември кога е почетокот на новата кошаркарска а и училишна сезона.