Тука сме поради својата иднина

Некои од тие книги се наменети за посетителите од континентална Кина, кои можеби ќе купат некој примерок за да однесат дома – ако се осудат. Но наменети се и за читателите од Хонг Конг. Ова е град кој знае во чија сенка живее.

Затоа минатонеделните демонстрации против изборниот систем кој на Хонг Конг и го понуди владата на Си се уште поинтересни. Секако, бесот во Хонг Конг тлее уште од летото, поради тоа што Пекинг многу ограничено го протолкува ветувањето за општо право на глас дадено на овој град за наредните избори во 2017 година. Практично се избира помеѓу “два или три” кандидати кои прво мораат да добијат одобрување од изборниот комитет, кој го именува Пекинг. Еден транспарент во Хонг Конг ова го нарекува “севернокорејско општо право на глас” – што е можеби добар опис бидејќи Џанг Деџјанг, шефот на Националниот народен конгрес за донесување на овие правила, еден од ретките кинески официјални лица образован во Пјонгјанг.

Но првобитната реакција не делувала особено радикално: средновечните професори кои го предводат таканаречениот “Occupy Central”, граѓанското протестно движење, неколку недели вртеле со главите и се предомислувале пред конечно да најават дека ќе се одржи протест на “мирот и љубовта” во индустрикста зона во Хонг Конг на 1-ви октомври, на кинескиот Ден на државноста и почеток на дводневен празник. Сигурно се надевале дека поради празникот повеќе луѓе ќе излезат на улциа, но протестот беше типично хонгконгшки: внимателно организиран, осмислен така да не го пореметува работењето кое е толку битно за овој град, и сосема пристоен и ‘граѓански’.

Дури и еднонеделниот ‘студентски штрајк’ кој му претходел поминал многу човечки, со прошетка на 13.000 луѓе по студентскиот град на Кинескиот универзитет во Хонг Конг, во зафрлените нови територии на Хонг Конг. А кога студентите конечно поминале во центарот на градот, блиску до државните институции, многумина се труделе да не заостанат во учењето, следејќи низа јавни предавања во блискиот парк.

Но како што Леунг Чун-Јин, лидер на дистриктот во Хонг Конг, кого го сметаат за марионета на Пекинг, упорно ги игнорирал студентските барања за дијалог, атмосферата почнала да се менува. Држејќи се за раце и јуришајќи заедно, лидерите на Сколаризмот – групи претежно составени од средношколци кои за прв пат се здружиле во 2012 година протестирајќи против плановите за воведување на кинеското ‘патриотско образование’ – успеаа да го пробијат полицискиот кордон околу градскиот плоштад. Овој плоштад првобитно е планиран за јавни собири, но градските власти ова лето го заградиле, што налутило голем дел од граѓаните. Полицијата одговорила со солзаве и уапсила преку седумдесет демонстранти – вклучувајќи го и Џошуа Вонг, 17 годишен основач на Сколаризмот – и двајцата лидери на сојузот на студентите на Хонг Конг. Во текот на ноќта младите почнале да се собираат во се поголем број пред зградата на владата за да го искажат своето незадоволство.

Реакцијата која утредента следела – ког аполицијата во опрема за разбивање на демонстрациите влетала во масата од сега веќе десетина илјади луѓе, и почнала да испукува солзавец директно во главите на мирните, главно млади демонстранти – можеби во историјата на Хонг Конг ќе остане забележана како пресвртница. Наместо да побегнат, луѓето се прегрупирале, а илјадници млади и стари кои никогаш порано не учествувале во протести, почнале да се собираат да изразат подршка и да донесат храна и вода. После неколку часа студентите и другите млади демонстранти спонтано организирале пунктови за делење на вода, но и маски, наочари и пластични фоли за заштита од гасот и спрејовите. Се раширило глас дека полицијата можеби ќе употреби гумени куршуми, но никој не заминал – луѓето едноставно почнале да организираат станици за итна помош покрај патот, а медицинските работници доброволно помагале.

Преку ноќ, протестите се прошириле на неколку други краеви на градот, а граѓаните ги завзеле улиците и го блокирале сообраќајот, бесни поради се што верувале дека Хонг Конг претставува: транспарентност на власта, владеење на правото, правото на граѓаните на слободно изразување. “Ова не е Хонг Конг каков што го познаваме”, ми рече Клои, студентка на англиски јазик на Универзитетот во Хонг Конг. “Моравме нешто да превземеме.” Кен, 19 годишен студент на градежништво, учесник на еден од мирните протести кои парализирале разни делови од градот, се сложува со неа: “Никогаш не сум бил на протести, но кога видов солзавец на телевизија, помислив дека треба да излезам и да покажам дека сум бесен.” Во истата улица, 16 годишната средношколка Вини вели дека, кога видела апсење и солзавец, “Оваа недела веќе не можев да се концентрирам на учењето, морав да дојдам да ги подржам демонстрантите – колку не има повеќе, полицијата помалу ќе се осудува да дивее.”

Со овие канистери од солзавец – “испалено е малку, само осумдесет и седум”, според зборовите на портпаролот на полицијата (кој притоа тврди дека масата луѓе погршено го протолкувала полициското предупредување “заминете или ќе пукаме” и дека не постоела намера да се користат куршуми) – хонгконгшката полиција можеби радикализирала цела нова генерација млади, или барем ја изострила веќе растечката атмосфера да општествена и граѓанска свест на младите.

И покрај сите напори на Кина, изгледа дека не се оствариле предвидувањата дека младите генерации ќе бидат образувани да ја подржуваат кинеската линија по враќањето на Хонг Конг под кинеска управа во 1997 година. Напротив, многу демонстранти како инспирација да го подигнат својот глас против неправдата го наведуваат задолжителниот предмет на либералните студии, воведен пред десет години, кој ги истакнува граѓанските вредности. Еди Ши, потпретседател на синдикатот на наставниците, вели дека овој предмет е воведен во наставната програма како срдство за дополнително вбризгување кинеско (национално образование), но дека многу наставници го претвориле во форма за дебата поврзана со Кина – и општествените прашања воопшто.

“Овој курс на учениците им даде можност за слободна дискусија, за Кина, за националните прашања”, вели Ши дедека дели налепници на кои се бара “заштита на општото право на глас”. “Не постојат учебници, така што многу наставници носат свои материјали и исечоци од весници Кога ние бевме средношколци” додава, “немаше многу прилики да се разговара за политика, но сега децата се многу поактивни. Горд сум на младата генерација: се борат за демократијата која им припаѓа – тоа се луѓе кои еднаш ќе гласаат.” 

Останатите млади демонстранти додаваат дека генерацијата на нивните родители, од кои многумина дошле во Хонг Конг како избеглици, била фокусирана на опстанок, и дека се често против демонстрации. “Тие мислат дека луѓето треба да бидат благодарни за она што го имаат”, вели Кен, студент на градежништво. “Но ние знаеме дека мораме да бидеме тука, поради нашата иднина.” Чувството на граѓанска должност кај студентите се гледа и во тоа што организирале и распоред на чистење на насобраниот смет од улиците кои ги окупирале – и по постерите кои ги предупредуваат луѓето да не прават карневал од протестот: “Ве молиме да не изведувате музика и да не се врткате во текот на демонстрациите.”

Но други транспаренти ја покажувале бунтовната, сатирична црта која е поизразена кај интернет генерацијата. На улиците на Монгкок дистриктот се појавиле плакати “изгубено домашно милениче” со ликот на Леунг, кој се опишува како “куче на Комунистичката партија на Кина” и се вели дека чесниот наоѓач треба да го предаде во најблиската државна институција. Голем дел од плакатите го повикуваат Леунг да поднесе оставка, користејќи го неговиот прекар “689”, што е бројот на гласови кои ги добил од официјалниот комитет кога бил избран на функција. На автобусот, запрен кога демонстрантите ја блокирале улицата, линијата е променета во “689”, а дестинацијата е во “Пекол”.

Имало и потсетници дека се работи за сериозна работа: плакатите на зидовите ги предупредувале демонстрантите да не предизвикуваат инциденти и да се чуваат од провокатори, бидејќи многумина се плашат дека на Кина би и одговарало насилство за да демонстрантите ги означи како “екстремисти”, како и што биле наречени во некои кинески медиуми. Извештаите за протестите во поедини хонгконгшки медиуми даваат впечаток дека во изминате петнаесет години многу медиумски куќи застанале до кинеската линија – што е уште еден битен пример за рушењето на независните вредности на Хонг Конг што загрижува многу од демонстрантите. Неколку некогашни либерални дневни весници помалку се фокусирани на демонстрантите и нивните идеали а повеќе на штетата која ја трпат стопанството, туризмот и имиџот на Хонг Конг. Само Apple Daily, во сопственост на продемократскиот тајкун Џим Лај, отворено ги подржал протестите, објавувајќи на 1-ви октомври на насловната страна слика од масата луѓе со наслов “Станувајте, сите кои не сакате да бидете робови”, првиот стих на кинеската државна химна.

Во Пекинг таквата порака би се сметала за многу провокативна – всушност, Лај неодамна се нашол под истрага на антикорупцискаата комисија на Хонг Конг, како и упте еден продемократски политичар. За некои тоа е уште еден случај на загрозување на некогаш гарантираната независност на административните органи. 

Хонг Конг сеуште многу се разликува од Кина. Набрзо по затврањето на студентските лидери на самиот почеток на протестот, судијата на Вишиот суд наложил тие да се пуштат на слобода. Но јасно е дека Кина е особено загрижена дека настаните во Хонг Конг, како и политичкиот систем на овој град, би можеле да бидат најава за остатокот од државата. Дејвид Цвајг, професор по социологија на Универзитетот во Хонг Конг, вели дека кинеските официјални лица се опседнати со идеата дека “странските сили” (што е кодирано име за САД и другите западни земји) “активно го користат Хонг Конг како база за вршење на влијанија врз Кина и поткопување на конеската безбедност и сувереност. За тоа постојано зборуваат.”

Цвајг не верува дека Кина ќе испрати војска во Хонг Конг, како што некои се плашат, “ако нема навистина сериозни граѓански немири”, Инаку, вели тој, “полицијата ќе го среди тоа”. Но останатите не се така сигурни. Вили Лам, долгогодишен набљудувач на Кина од Универзитетот во Хонг Конг, вели дека кинескиот претседател Си Џинпинг се плаши да не се посрамоти во Хонг Конг – првенствено пред политичките противници во земјата, бидејќи многумина сега се свртеле против него поради неговата антикорупциска кампања. “Што подолго трае ова, толку Си повеќе ќе се посрамоти – тој има голема власт, но и многу непријатели – и тие ќе го нападнат ако проценат дека му се спрема пад.”

Лам вели дека Си сака Хонг Конг да се смири до ноемврискиот состанок на АПЕК во Пекинг, и смета дека Кина би можела да ја испрати полиција од Гуангдонг да ги загуши протестите ако не попуштат во наредните неколку недели. “Слушнавме дека полицијата во Гуангдонг за секој случај порачала илјада хонгконгшки полициски униформи.”

Лам не очекува дека разговорите на демонстрантите и владата на Хонг Конг би довеле до поголем напредок, иако вели дека можеби постои спремност да се дозволи некое јавно гласање за членовите на изборниот комитет кои го избираат лидерите на дистриктот. Над се, вели тој, Си Џинпинг сака “да му покаже на Хонг Конг дека пекинг има главен збор.”

И на улица многу од демонстрантите признаваат дека е многу тешко да добијат полно општо право на глас. Но многумина велат дека тоа не значи дека ќе се откажат. “Јас ќе доаѓам на протестите се додека тие траат”, вели 16 годишната ученичка Вини. Џозеф Чан, професор по политика на Универзитетот во Хонг Конг тврди дека протестите би можеле да бидат почеток на долга борба за подемократско општество – “како во Јужна Африка, или Бурма. Можеби ќе бидат потребни дваесет години, се додека на власт во Кина не дојде друга фракција, но мораме да продолжиме.”

Иако некои се плашат дека демонстрантите би можеле да ја влошат состојбата во Хонг Конг, провоцирајќи нервозната влада во Пекинг да завземе уште поостра линија према овој град, учесниците во револуцијата на чадори велат дека не се плашат. “Ако не направите ништо, нема никаква надеж”, ми вели еден бруцош. “Морате да си дадете надеж верувајќи дека нешто ќе постигнете.”
Нема сомневање дека неодамнешните случувања ги покренале луѓето во одбрана на т.н. “дух на Хонг Конг’. Видов дел од тој борбен, одлучен пристап на улица во хонгконгшкиот централен дистрикт во текот на втората ноќ од протестите. На крстосницата каде стоеше група студенти, со маски и наочари во очекување на полициските напади, се запознав со кратко шишана девојка која баш тогаш ја изваде маската за да запали цигара. “Зарем не се плашиш дека ќе дојде полиција?” ја прашав. “Не се плашиме’, одговори ладно. “Ние сме од Хонг Конг”.

 

 

 

 Извор: insidestory.org.au

Превод: Попова

Leave a Reply

Your email address will not be published.