Трпкова: Проблемот кај нас е што секој може лесно да стане што сака

Проблемот кај нас е што секој може лесно да стане што сака. Тоа говори за немање соодветни критериуми на селекција (колку и сурово да звучи), во сите општествени области. Секој може да лекува, да глуми, да суди, да пее, да предава, да стане премиер. „Патот до успехот“ кај нас е познат и утабан. Со малку просечност, агресивност, дарбичка, итрина, приученост и полтронство – стигнуваш на повисоката општествена скала во Македонија. И тоа е нашето мнозинство, нашиот имиџ, нашата традиција за тоа како треба. Нема вистински луѓе на вистински позиции.

Се е узурпирано одамна и претворено во сопствен атар. Нема слободна конкуренција на пазарот. Мора да си групиран и да ги исполнуваш очекувањата на „лидерите“ во групите или да бидеш отпадник. Може да си исклучително квалитетен, професионален, исполнителен и употреблив, но ако не им се бендисаш на групашите – си го ебал ежот. Тоа се проткајува и низ младите генерации, на кои токму ова најмногу им тежи. Лично не гледам можност за некое драстично ослободување на просторот од прангите на оние кои одамна го одзеле правото да се биде вистински слободен.

Ниту пак гледам можност за магични промени на нештата. Од време на време ќе провејува по некоја умна мисла од некој индивидулаец, како свежо ветре или капки дожд во пустина, но тоа нема да ја мени пустинската „флора и фауна“. Барем не многу. И сигурно не брзо….

Leave a Reply

Your email address will not be published.