Трошам, значи постојам
Капиталот го го истиснува човекот, ја истиснува човечноста, и со самото тоа “владата избрана од народот за народот”, теоретски не би можела да се занимава со заштита на капиталот, колку тоа и да се посакува. Демократијата и капитализмот немаат меѓу себе знак за еднаквост.
Со поттикнување на конкуренцијата и компетицијата, капитализмот од корпусот на општествениот систем на вредности ги исфрла солидарноста и емпатијата како морални императиви, префрлајќи ги во сферата на личен избор и главно набљудувајќи ги како “неодговорни, слаби, болникави и глупи”. Со поттикнување на т.н. “индивидуализам”, всушност се врши амнестија од одговорноста за себичноста, саможивоста и суровоста, третирајќи го односот према слободата како однос на слобода од тие исти одговорности. Препуштен исклучиво на законските регулативи, а со оттргнат морал, добиваме систем во кој е дозволено се во што нема да те фатат, а ако те фатат, ќе ја откупиш својата повторноа прилика да продолжиш.
Општеството без емпатија и солидарност како морални императиви, е сведено на потрошувачко општество во кое човечноста се мери со потрошувачката, а што, во крајна инстанца, произведува општество на потрошувачи, наместо човечко општество. Социјалниот статус зависи исклучиво и единствено од количината на потрошувачката. Што е таа поголема, тоа е и социјалниот статус повисок. Со самото тоа, заменетиот човек со потрошувач, доаѓа до систуација и своите човекови права (како барем сеуште се нарекуваат) да ги остварува во онаа мера во која троши. Доколку сте геј, лезбо, црнец, Ром, муслиман … што и да е, никогаш нема да имате проблем со своите човекови права, се додека живеете во одреден дел на градот во вила, возите скап автомобил, имате приватен авион, плаќате скапи одела, високи сметки, обезбедување и тн … нивото на вашата потрошувачка е всушност пропорционално со нивото на вашите права. Кој ги е** луѓето. Битни се потрошувачите.
“Капитализмот со човеково лице” е невозможен потфат на ист начин на кој е невозможна модерната “демократија” која зависи исклучиво од количината на пари, да биде огледало на волјата и благосостојбата на секој поединец и заедница. Поентата не лежи во тоа секој од нас да работи за себе, да му биде подобро, па кога сите би правеле така … тогаш на сите ќе ни биде подобро. Нема. Едноставно не е можно на сите да им биде подобро затоа што од негде мора да се земе за да на друго место се даде. Единствено ако одиме со идеа на сите да ни биде подобро, заедно, солидарно и емпатично, имаме шанси да оствариме и лична слобода. Личната слобода е во изборот за нешто, креативниот однос према самите себе и према општеството, а не во амнестијата од морална осуда на себичноста, лакомоста и алчноста.
Непостоењето на морален императив за солидарност и емпатија отвора сосема непредвидени можности кои, за жал, ги гледаме околу себе и кои сосема конкретно и директно не водат во трета светска војна како единствен излез на капиталот од изумирање.
Секако, не е се така црно. Секогаш постои можност за револуција, зарем не?
Извор: akuzativ.com
Превод: Попова