Тројца тинејџери се обвинети за смрта на 23 годишен студент

во американската сојузна држава Оклахома. Мотивот за ваквото грозоморно убиство, е нивната досада. По испитувањето во полициската станица, портпаролот на локалната полиција изјавил дека причини за убиството немало, дека тројцата тинејџери немало што да прават и поради досада се решиле да посегнат по животот на тинејџерот. Го виделе младичот како трча и тие решиле да пукаат во него.
15 годишниот Џејмс Едвард и 16 годишниот Чарли Луна осудени се за убиство од прв степен додека 17 годишниот Мајкал Џонс обвинет е поради возење на автомобилот од кој е направен ѕлочинот. Џонс е единствениот кој може да излезе од затвор, а кауцијата изнесува милион долари. На останатите двајца им е скратена кауцијата.
 

Leave a Reply

Your email address will not be published.