Трик-мајстори

Некои трик-мајстори го “засакаа” Глигоров.За него потпишуваат се и симнуваат капа, ама за Црвенковски допишуваат на признанието дека тоа не важи.Тоа не им давало лажен, сомнителен префикс ним и на партиите и институциите каде биле заседнати.Изгледа се се може кога се сака, а особено ако се мора.Новото, легално и легитимно раководство на СДСМ ќе треба добро да “отвори очи” со такви трик-мајстори.Тоа што ги “врзуваат” нив со Бранко нека не ги залажува за грешките кои ги прават и можат да ги направат дека можат во иднина да му се препишуваат на нивниот претходен претседател на партијата.Не верувам дека такво нешто посакуваат или помислуваат.Она што треба да сфатат е дека ќе бидат казнети од граѓаните ако нив почнат да ги доживуваат како “власт”.

Нивната подготвеност за избори “според условите” кои ги испорачаа на владејачката партија се можеби и гаранција за некаков резултат “за фалба”, но мислам дека тој ќе биде недоволен. Таквото “сместување” на нивни избраници, граѓаните повторно нема да можат да го преживуваат како опозиција.За граѓаните тие ќе бидат власт, поточно дел од режимот на кого Заев и Шеќеринска сега фрлаат “дрва и камења”.Ако тоа некако и помина во 2011 год., а особено во март 2013 год. за локалните избори, кога нивниот сегашен претседател на партијата Заев од позиција на “власт” обезбеди уште 4 години, сега тој подвиг не само што нема да биде награден, туку ќе биде и казнет.Ќе им ги фрлаат книшките и ќе бараат луѓето друга адреса.Можно е и со подобар резултат од сегашниот што го имаат да им се растури партијата, зошто влегле во ‘борба” со однапред предвидливи состојби на партиско-политичкиот терен.Не,тоа не го чека и не го посакува Црвенковски.Не верувам.Црвенковски пред заминување побара фер секојдневие на (меѓу)партискиот терен, новото раководство предводено од Заев и Шеќеринска бара избори, ама да не бидат криминални со испорачани услови кои треба да се исполнат.Знак на еднаквост може и не мора да се стави.Црвенковски е заминат од партиската сцена.Се разбира дека политички не би требало да ” спие”, ако ништо друго да обезбеди гарнитура која ќе мора да го врати на “тронот” заедно со Глигоров(има и други) како еден од клучните политички личности во изминативе 20 -на години .Се носеа непопуларни, но во краен случај храбри одлуки каде Република Македонија стана извесна како држава.За грешките,за очекуваните и предвидливи реакции од граѓаните плати цена.Тоа го знаеше, можеше да го предвиде и како секој зрел политичар го призна.Но, тоа не ја загрози државата, нејзината безбедност, стабилност и ориентација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.